Не е ни чудо што некои градови во Европа личат на едни на други. На крајот на краиштата, толку многу влијание поминало низ вековите од една во друга земја, што не треба да се чудиме воопшто. Но, што кога ќе наидете на Ајфеловата кула во Африка? Или италијанска архитектура среде Кина? Сигурно разни прашања почнуваат да ви се вртат во главата.

Па, ова се само неколку примери на места низ целиот свет каде може да се чувствувате како во некои европски земји.

Село Нормандија, Сан Франциско (САД)

Градбите во селата Нормандија се доста популарни и ретко се продаваат. Кога тоа ќе се случи, износите се доста високи. А, како настанала изградбата пред се? Едноставно кажано, во еден град во Калифорнија во 1920-тите, некој бил фасциниран од нормандската архитектура, и така пред скоро 100 години – ова соседство е создадено.

Мал Париз, Јужна Африка

Сместено во градот Хартбиспорт, секогаш служи добро како дестинација за сите оние Јужноафриканци кои не можат едноставно да се качат во авион и да летаат 15 часа до француската престолнина. Тука е и ресторанот кој служи француски специјалитети, па можете да уживате во кроасани, но и фине мињон. Постои дури и копија од мостот Понт дес Артс, кој го преминува Сена во Париз, а љубовниците ги ставаат катанците на него. Се разбира, се подразбира дека тука има копија од Ајфеловата кула.

Гуанахуато, Мексико

Овој мексикански регион се протега на триесет илјади квадратни километри во кои се мешаат различни стилови на европска архитектура. Многу куќи во светли бои изгледаат како да се преместени од Медитеранот, и да речеме, црквата Свети Михаил е изградена според разгледниците на европските готски цркви! Како настана тоа воопшто? Едноставно кажано, во средината на 19 век многу мексикански згради беа заменети со неокласични згради (пред се од религиозни цели) дизајнирани од француски или италијански архитекти.

Мелбурн,  Австралија

Вториот по големина австралиски град е мешавина од различни архитектури. Веројатно, кога ќе влезете во него, многу брзо ќе забележите како рамо до рамо со новите и сјајни облакодери стојат зградите на викторијанската архитектура. Исто така, кога ќе ги посетите предградијата на Брајтон и одите на плажа, немојте да бидете изненадени од многуте шарени колиби што ќе ги најдете веднаш на англискиот брег.

Флорентија,  Народна Република Кина

Во последниве години, Кинезите честопати  во својата земја градеа копии на некои европски градови. Некогаш успеале, некогаш не, но градот Флорентија успеа и сега постои на седум места низ државата. Сепак, заради прецизност, треба да се каже дека тука станува збор помалку за селото, а повеќе за продавници на дизајнери затоа што доаѓате овде за шопинг, а не за посета или разгледување на градот. Сепак, овие продажни места се доста популарни и Кинезите се многу среќни што одат на шопинг во нив.