5-годишната Миа ја нацрта нејзината мајка, но еден детаљ го насмеа цел свет
Мајката Лора Ептон во една група на Фејсбук објави како нејзината ќерка, 5-годишната Миа, ја има нацртано до најситен детаљ. Токму овој детаљ беше причината цртежот на малото девојче да стане вистински Интернет хит кој го насмеа цел свет.
Односно, девојчето на цртежот ги прикажало и неиздепилираните нозе на нејзината мајка, за време на карантин поради коронавирусот.
„Премногу детално, за мој вкус, ме има нацртано.“ – се пошегувала мајката кога ја објавила фотографијата, а потоа следувале низа коментари од останатите корисници.
Дел од корисните коментирале дека можело да биде и полошо, односно девојчето да ги нацрта и влакната под пазувите.
Смешниот цртеж ги насмеа најмногу токму родителите кои најмногу се поистоветуваа со истиот, бидејќи најдобро ја сфаќаат мајката како е со децата за време на изолација.