5 извонредни причини зошто треба секојдневно да консумираме по 2 парчиња ананас
Националната здравствена служба на Велика Британија тврди дека потребната дневна консумација на ананас е 2 парчиња од ова тропско овошје. Благодарение на неговата уникатна структура, ананасот може да ви помогне да бидете здрави и да спречи бројни заболувања.
Еве зошто треба секојдневно да го консумираме:
1. Ќе ви помогне да ослабнете, ако се комбинира со физичка активност
Бромелаинот кој што се содржи во ананасот ги стимулира дигестивните функции и може да ви помогне значително да се ослободите од целулитот и да го забрза вашиот метаболизам. Воедно, ова уникатно овошје чудесно ќе ги согори масните наслаги и ќе ви помогне да ослабнете во коминација со физичка активност.
2. Ќе го зачува истото ниво на вид
Ананасот содржи витамин А, кој му помага на видот да остане остар, а бета-каротенот го зајакнува дејството. Секојдневната консумација на ананас ќе го заштити здравјето на очите.
3. Ќе ве заштити од појава на срцев и мозочен удар
Ананасот е богат и со калциум, кој помага за намалување на крвниот притисок и ја спречува појавата на срцев и мозочен удар.
4. Подолго ќе бидете млади
Во ананасот има многу манган, кој го штити телото од слободните радикали, кои инаку би можеле да ги оштетат вашите клетки и да го забрзаат процесот на стареење на кожата и органите.
5. Ќе се намали нивото на шеќер во крвта
Хранливите влакна на ананасот ќе ви помогнат да го регулирате нивото на шеќер во крвта, што го прави дополнително корисен за нашето здравје.