Покрај толку многу обврски, во еден момент застанувате пред огледало и во најнесоодветниот момент, можеби кога се брзате, ги забележувате- од кога белите влакна станаа видливи?

И кога покрај зафатеното секојдневние, никако не може да закажете термин во фризерскиот салон, а бојадисувањето во домашни услови не е ваш стил, не грижете се!

Постојат 5 неверојатно лесни начини како да ги сокриете белите влакна, брзо и без многу труд, без да ја бојадисувате вашата коса. Еве како може тоа да го направитеЧ

1. Промена на патецот

Жените кои се соочуваат со проблемот на сива коса, знаат дека истиот најмногу го засега патецот на косата, односно таму белите влакна се најмногу сконцентрирани. Понекогаш за да ги сокриете белите влакна сè што е потребно да направите е да ја смените насоката на вашата коса, така што ќе ја поставите на спротивната страна.

2. Додадете волумен

Доколку е невозможно да отидете на фризер, а сивата коса т.е белите влакна ви се појавиле сосема неочекувано, тогаш истите можете да ги сокриете на многу лесен начин, со додавање на волумен на вашата коса. Кон волмуменот може да додадете и локни, така што ќе го разирате вашиот обичен секојдневен изглед.

3. Плетење на плетенка околу главата

Друго решение за овој проблем е плетењето пленка- трик кој е особено совршен за дамите со долга коса. Иако навистина ќе треба да вложите малку повеќе труд, сепак резултатот ќе биде и повеќе од гламурозен!

4. Употребете модни додатоци за коса

Доколку должината на вашата коса не ви дозволува да направите плетенка, а локните едноставно не ви одговараат, тогаш без грижи! Белите влакна ќе успеете да ги сокриете благодарение на употребата на модните додатоци за коса, кои пак, особено се во мода оваа сезона. Ленти за коса, украсни шноли- постојат милиони начини и додатоци како да го направите тоа.

5. Користете специјални производи

Доколку апсолутно немате слободно време за бојадисување на вашата коса, компаниите за нега на косата, веќе пронајдоа практични и иновативни решенија за брзо ослободување од белите влакна. Односно, можете да употребувате разни средства за обликување на косата или пак, сенки кои одговараат на бојата на вашата коса.