5 лесни совети како да ја избегнете подуеноста на стомакот, според доктор Оз
Подуеноста на стомакот може да настане како резултат на лоши секојдневни навики, но и како резултат на сериозни дигестивни заболувања. Воедно, оваа состојба може да се појави како секој, а еве како да се справите со истата.
Истакнатиот и светки познат, американски лекар, доктор Оз ни открива 5 лесни совети како да ја спречиме подуеноста на стомакот:
1. Движете се
Се препорачува да се движите по ручекот или општо по секој оброк. Не мора да претерувате со вежбање и слично, но редовната и умерена физичка активност значително може да помогне во спречување на појавата на стомачната подуеност.
2. Обратете внимание на температурата на храната
Не се препорачува да се консумира претерано топла или студена храна.
3. Ограничете ја консумацијата на одредени видови храна
Со цел да ја спречите појавата на подуеноста на стомакот, ограничете ја консумацијата на одредени стимулатори како што се кафето и чоколадото.
4. Зголемете ја консумацијата на одредени видови храна
Како што треба да ја намалите консумацијата на кафето и чоколадото, така треба да им дадете предност на билните чаеви, особено на чајот од камилица и чајот од нане.
5. Обидете се да го намалите стресот
Прекумерениот стрес, како и постојаната загриженост, можат сериозно да влијаат врз состојбата на стомакот, предизвикувајќи еден вид експлозија во истиот. Затоа е потребно да пронајдете начин како да се релаксирате и почесто да бидете добро расположени. Воедно, колку почесто се смеете, толку позатегнат ќе биде вашиот стомак.