5 лесни вежби од Синди Крафорд кои ќе го трансформираат вашето тело со само 10 минути на ден
Во текот на 90-те години, легендарниот супермодел одлучи да открие благодарение на кои едноставни вежби таа изгледа беспрекорно, затегнато и витко во секое време.
Самите вежби заедно се именувани како „Идеално тело за 10 минути“, а во продолжение погледнете како можете уште денес да започнете да ги практикувате дома.
1. Клекнување: Колена настрана
Започнете го тренингот од нозете. Поставете ги стапалата на растојание малку пошироко од рамената и направете 10 длабоки клекнувања. Активно притиснете го колковите, а рацете слободно поставете ги на половината.
2. Седење на стол
Почетна положба: Поставете ги стапалата на растојание како рамената, а рацете на половина. Повторно станува збор за клекнување, но на еден поинаков начин. Замислете дека седнувате на стол. Повторете 10 пати.
3. Нецелосен отпор
Станува збор за затегнување на стомакот и градите. Легнете на подот, свртени со стомакот надолу. Поставете ги рацете на растојание малку пошироко од рамената, а притоа не ги одделувајте нозете и стапалата од подот. Кренете го горниот дел од телото 10 пати.
4. Нецелосно кревање на телото
Колената свиткани, рацете зад глава. Ритмично кревајте го телото 20 пати без да го кревате грбот од подот во текот на целото време.
5. Кревање на нозете
Легнете на подот и исправете го телото. Без да ги одделувате рацете од подот, обидете се да ги кренете нозете нагоре. Направете ја вежбата 20 пати.