5 мали тајни за Кејт Мидлтон, кои со сигурност повеќето не ги знаат
Војвотката Кејт Мидлтон важи за една од најубавите принцези на светот, која постојано воодушевува со нејзината скромност и фантастичен моден вкус. Но, еве кои 5 мали тајни повеќето луѓе не ги знаат за истата:
1. Кејт можела да стане популарен историчар
Долго време студирала во Фиренца, ја изучувала ренесансата, а потоа заминала и на хуманитарно патување до Чиле.
2. Била заљубена во Вилијам уште пред да го запознае
Уште како тинјџерка, Кејт постојано ги читала британските списанија на чии насловни бил најпосакуваното момче во земјата, а тоа бил постариот син на принцезата Дијана, односно принцот Вилијам.
3. Прва работа
Пред да стане член на кралското семејство, Кејт работела во лондонската продавница Jigsaw, па дури и му приготвувала кафе на својот шеф.
4. Омилен парфем
Нејзиниот омилен парфем е Orange Blossom од Jo Malone. Токму вака мирисале свеќите во црвката за време на нејзината венчавка со принцот Вилијам.
5. Таа е професионален фотограф
Британците се гордеат со фактот дека војвотката е истовремено и професионален фотограф. Таа лично ги има направено првите официјални фотографии на нејзините деца.