Седењето пред компјутер на работа, гледањето телевизија дома и користењето на телефонот за секоја можна работа, се активности кои заедно придонесуваат за акумулирање на притисок во вратот, кој резултира со болка.

Со следните едноставни вежби, вашата болка во вратот ќе исчезне, благодарение на ослободувањето и опуштањето на мускулите во вратот:

1. Опуштете ги мускулите во вашиот врат

Првобитна положба

  • Седнете на стол, удобно со ‘рбетот сосема исправен.

Што да направите?

  • Поставете ги и двете раце на основата на черепот.
  • Наведнете ја брадата кон градниот кош.
  • Нежно притискајте ја главата со рацете, се додека не почувствувате протегнување во задниот дел од вратот.

Времетраење: 30 секунди

2. Подобрете го движењето на рамениците

Првобитна положба

  • Седнете удобно на стол или легнете на подот, со ‘рбетот исправен.

Што да направите?

  • Кренете ја вашата лева рака од напред, до вашето лево уво и свиткајте ја кон задниот дел т.е грбот
  • Кренете ја вашата десна рака кон назад, така што задниот дел од дланката треба да биде свртена кон грбот.
  • Исправете го вашиот грб, земете воздух и притоа, доближувајќи ги дланките од спротивните раце, држете цврсто.
  • Држете додека не почуствувате добро протегнување на вашиот грб и раце.

Времетраење: 30 секунди за секоја страна

3. Зголемете ја циркулацијата на крвта во вашиот врат

Првобитна положба

  • Застанете на подот, со ‘рбетот сосема исправен, рацете припиени до телото, а стапалта на растојание како рамениците.

Што да направите?

  • Така држејќи ги рацете исправено, нежно кренете ги рамениците нагоре, кон вашите уши и задржете ја таа позиција неколку секунди.
  • Спуштете ги рамениците, а потоа повторете ја вежбата.

Времетраење: 30 секунди

4. Ослободете ги мускулите на рацете од притисок

Првобитна положба

  • Застанете исправено, притоа вашата лева страна да биде до ѕидот и вашето лево стапало да биде наапред, пред десното

Што да направите?

  • Завртете ја главата над левото рамо.
  • Полека кренете ја вашата лева рака преку рамото, ротирајте го горниот дел од телото и ставете ја вашата дланка на ѕидот позади вас, преку висината на рамото.
  • Држете ја левата рака исправена, свртете ја главата и гледајте кон напред.
  • Полека заземете став на отворен граден кош, се додека не почувствувате протегнување на мускулите во рацете.

Времетраење: 30 секунди за секоја страна

5. Поработете на вашето држење на телото

Првобитна положба

  • Седнете удобно на стол или легнете на под, со грбот исправен, рамениците малку кон назад и главата исправена кон напред.

Што да направите?

  • Да прста од раката, од страната од која повеќе ја чувствувате болката, поставете ги на брадата.
  • Држете ги прстите на брадата, притиснете нежно и држете така неколку секунди.
  • А потоа притиснете најмногу што можете, додека не добиете „дупла“ брада.
  • Задржете ја оваа позиција неколку секунди, пуштете, а потоа повторете ја вежбата.

Времетраење: 30 секунди

6. Ослободете се од мускулните спазми

Првобитна положба

  • Седнете како што ви е најудобно, со ‘рбетот исправен.

Што да направите?

  • Кренете ги рацете нагоре, притоа свтикувајќи ги зглобовите и поставете ги дланките над главата.
  • Свртете ја вилицата паралелно со подот, ротирајќи ја главата кон левата страна.
  • Задржете неколку секунди, а потоа свртете ја главата кон десната страна.
  • Задржете ја оваа позиција неколку секудни, а потоа свртете ја главата повторно кон левата страна.

Времетраење: 30 секунди

7. Зацврстете ги рамениците

Првобитна положба

  • Застанете исправено на подот, со стапалата на растојание како рамениците и рацете на своите страни.

Што да направите?

  • Кренете ги рацете над главата, зацврстете ги зглобовите и доближете ги заедно дланките.
  • Држете ги рацете исправено, протегнете го ‘рбетот кон нагоре и задржете ја оваа позиција неколку секунди.
  • Потоа, полека спуштете ги рацете, свиткајте ги зглобовите кон назад, притоа колку што можете, доближете ги во таа положба рамениците.
  • Задржете неколку секунди, а потоа повторете со повторно кревање на рацете кон нагоре.

Времетраење: 1 минута

Внимание

Сите овие вежби правете ги бавно, без нагли движења. А доколку болката стане поголема, веднаш посетете лекар.