5 модели на фармерки кои совршено им прилегаат на ниските жени и ги прават да изгледаат повисоко
Модните експерти ги препорачуваат следните 5 типови на фармерки за ниските жени, бидејќи овие дизајни ќе им помогнат да изгледаат повисоко, без многу труд.
Фармерките се најраспространето модно парче и безвременска класика, дел од сечиј гардеробер. Но, понекогаш нивното купување може да биде и невозможна мисија, додека да ги пронајдете соодветните за вашата градба.
А еве кои фармерки најмногу им одговараат на ниските дами и ги прават да изгледаат повисоко:
1. „Mom jeans“ или ретро фармерки кои беа хит во 80-те и 90-те години
Причината зошто овој модел е најомилениот, е поради неговата способност лесно да се адаптира на секоја фигура. Ако кога ќе ги облечете, ќе ви се чинат малку подолги, инспирирајте се од начинот на кој ги носи Викторија Бекам
2. Фармерки со должина до глуждовите
Се сметаат за императив на костимските панталони, а се едно од најносеното и омилено парче во модниот свет. Со должината до глуждовите, ја издолжуваат ногата и ниските дами изгледаат многу шармантно во нив.
3. Рамни класични фармерки
Спаѓаат во класичните модели и затоа можат да се комбинираат на милиони начини, а идеално изгледаат со високи потпетици и кошула- комбинација која на суптилен и многу елегантен начин ќе ве направи повисоки.
4. Ѕвонарки
Волуменозниот изглед на овие фармерки создава илузија дека личноста која ги носи е со поголема висина од реалната. Нивното комбинирање со чизми или високи потпетици уште толку ќе ве направи да изгледате како високите супермодели.
5. Искинати фармерки
Можеби изгледаат тривијално, но искинатите детали акцентирани на колената му даваат динамичност на било кој изглед и оставаат впечаток на подолги нозе. За инспирација нека ви послужи актерката Ема Робертс