5 „мрзеливи“ вежби за затегнати нозе, кои славните ѕвезди ги обожаваат
Секојдневно ги гледаме познатите личности со затегнати и згодни фигури и им завидуваме, но и се тешиме дека изгледаат така благодарение на личните тренери и скапите справи. Сепак некои едноставни вежби кои можете да ги направите кога имате слободно време може да ви помогнат да го добиете задникот од вашите соништа.
1. Вежбање со помош на лента
Која славна ѕвезда ја обожава оваа вежба?
Кортни Кардашијан. Вежбањето со помош на лентата, според неа најдобро дава затегнати мускули, а лесно може да се практикува и во домашни услови.
Што да направите?
- Ставете ја лената на нозете, а стапалата поставете ги на растојание по линија на вашите колкови.
- Застанете цврсто и исправете ги колената.
- Кренете ја десната нога, притоа држејќи ја исправена.
- Вратете ја ногата во првобитната положба, на подот.
- Повторете, овој пат со левата нога.
- Повторете ја вежбата и за две нозе по 20 пати поединечно.
2. Уметничко држење на рамнотежа
Која славна ѕвезда ја обожава оваа вежба?
Џенифер Лопез е препознатлива по нејзиното совршено тело, а заедно со нејзиниот личен тренер Трејси Андерсон, велат дека уметничкото одржување на рамнотежа е најдобрата вежба за зацврстување на нозете, но и на целото тело.
Што да направите?
- Клекнете на подот, исправете го телото и поставете ги рацете под рамениците.
- Истегнете и исправете ја вашата лева нога.
- Опушетете ги рамениците во отворена позиција и исправете ја левата рака. Ако на почеток, вака ви е потешко, тогаш прво обидете се со спротивната рака.
- Држете го телото во оваа положба најмногу што можете.
- Повторете за спротивните екстремитети.
3. Високи чекори за колената
Која славна ѕвезда ја обожава оваа вежба?
Актерката Софија Вергара вели дека оваа активност е сосема иста како чекорењето по скали, но на многу полесен и позабавен начин. Ја обожава вежбата бидејќи резултира со одлично затегнати бутови.
Што да направите?
- Изберете на што да ја кренете ногата, тоа може да биде кутија, цврста подлога или пак, доколку вежбате во природа, искористете ја клупата во паркот.
- Застанете исправено и качете го вашето лево стапало на повисоката основа што сте ја избрале.
- Целосно исправете ја левата нога, притискајќи ја основата, а десното колено малку свиткајте го.
- Полека вратете се во првобитната положба.
- Повторете ја вежбата, овој пат со кревање на десната нога.
- Направете 10-20 повторувања.
4. Сурфачки склекови
Која славна ѕвезда ја обожава оваа вежба?
Според нејзиниот личен тренер Лара Марк, поп ѕвездата Бијонсе ја обожава оваа вежба, бидејќи и помага да ја одржува нејзината беспрекорна фигура.
Што да направите?
- Застанете во положба како да сте се качиле на даска за сурфање и замислете дека се подготвувате за оваа водена активност.
- Полека клекнете, при што колената треба да дојдат во позиција зад прстите на стапалата.
- Скокнете нагоре и вратете се во првобитната положба.
- Повторете 1 минута.
5. Потпирање на рамената
Која славна ѕвезда ја обожава оваа вежба?
Една и единствената, што никогаш не старее, актерката Хали Бери, не само што ја обожава оваа вежба, туку и гордо се фотографираше за Инстаграм додека ја правеше, притоа истакнувајќи ги совршените нозе.
Што да направите?
- Легнете на подот, а притоа и рацете и нозете нека ви бидат исправени. За почетниците, се препорачува да користите мека подлога, а може и ќебе.
- Свиткајте ги колената, ставајќи ги стапалата рамно на земја. Додека дишете, користете ги вашите стомачни мускули за да ги кренете нозете и колковите од подот.
- Свиткајте ги лактите и ставете ги рацете на долниот дел од грбот, држејќи ги лактите на земја.
- Рамената, колковите и стапалата треба да се држат во една права линија. Исто така, бидете сигурни дека вашата глава и врат се во согласност со вашиот ‘рбет.
- Останете во оваа поза за околу 10 вдишувања.