Сигурни сме дека правиме сè како што треба: Ги сушиме рацете со бесконтактна сушалка, ги потопуваме садовите во мијалникот, ја миеме шолјата на работа секој пат кога пиеме чај или кафе.

Но, сушалките распространуваат инфекции, мијалникот е поопасен од тоалетната школка, а чистата шолја нема да нè заштити од бактериите од машината за кафе.

Денес ви откриваме кои 5 хигиенски навики што сите ние секојдневно ги практикуваме и ги сметаме за безопасни, всушност му штетат на нашето здравје.

1. Ги накиснуваме садовите во мијалникот

Мијалникот е идеална средина за бактериите, при што дури може да содржи E.coli, Salmonella и Staphylococcus aureus. За да ги избегнете нарушувањата на дигестивниот систем, неопходно е темелно да го измиете секој сад по негов контакт со друг валкан замастен сад, но и со храна.

2. Ги миеме рацете со топла вода

Бројни истражувања докажуваат дека температурата на водата не влијае врз уништувањето на микробите, туку е важно времето во текот на кое ги миеме рацете. Односно, за 5 секунди нема да измиеме ништо, но по 30 секунди ќе ги убиете сите микроби по вашите раце. Честото миење со топла вода ги намалува заштитните функции на кожата, што може пак, да предизвика нејзино дразнење и дерматит.

3. Вежбаме без да ја отстрануваме шминката

Понекогаш брзаме од работа да отидеме во теретана и отстранувањето на шминката ни се чини како бесмислен процес кој само ќе ни одземе време. Но, за време на вежбањето, кожата дише и доколку врз истата има шминка, тоа може да доведе до затнување на порите и да предизвика бројни проблеми.

4. Го носиме телефонот во чанта

Може да изгледа дека чантата е чисто прекрасно место каде нашиот телефон е заштитен од околната средина. Но, не е така. Подобро е да го носите телефонот во џебот, отколку во чантата, бидејќи во џебот има значително помалку микроби. Истражувања докажуваат дека просечниот телефон е 10 пати по валкан од тоалетна школка.

5. Одмрзнување на храната на собна температура

Ретко размислуваме како собната температура влијае врз квалитетот на храната. Односно, оставањето на риба и месо да се одмрзнува на собна температура, на работната површина, може да влијае штетно, со тоа што ќе се развие раст на лоши бактерии. Со цел ова да го спречите, едноставно преместете го месото од замрзнувачот во ладилникот.