5 неочекувани симптоми кои укажуваат на екстремно ниско ниво на магнезиум во организамот, што може да биде штетно за здравјето
Витамините и микроелементите се од витално значење за човечкото здравје, како и самиот магнезум.
Магнезиумот учествува во повеќе од 300 биохемиски реакции во организамот, во нормализирањето на крвниот притисок, метаболизамот, во регулирањето на имунолошкиот систем, во метаболизамот на протеини, калциум и многу други важни аспекти за здравјето.
Токму затоа од голема важност е секогаш од овој елемент да има доволно количество во нашиот организам.
Неговиот недостаток има огромно влијание врз организамот, а при екстремно ниско ниво, тоа може да биде навистина штетно за нашето здравје.
5 симптоми кои укажуваат на екстремно ниско ниво на на магнезум во организамот, кои треба секој да ги знае
1. Хроничен замор
Магнезиумот вообичаено се препорачува на луѓе, кои страдаат од хроничен замор, недостаток на сила и енергија, а притоа едно бразилско истражување покажа дека магнезиумот е одличен извор за зголемување на издржливоста на спортистите.
2. Грчеви во мускулите
Доколку често се соочувате со грчеви во мускулите, тоа може да биде индикатор на недостаток на магнезиум во вашиот организам, што предизвикува недоволно и неправилно свиткување на мускулите, што доведува до споменатата несакана последица.
3. Мигрена
Луѓето кои често страдаат од мигрена, имаат недостаток на магнезиум во организамот, што ја зголемува преоптеретеноста на мускулите.
Според едно неодамнешно истражување, недостатокот на овој елемент може да придонесе за појава на чувство на гадење, повраќање и зголемена чувствителност на светлина.
4. Висок крвен притисок
Денес хипертензијата е еден од најсериозните и најчести здравствени проблеми, според статистиките на западниот свет. Резултати од едно британско истражување покажуваат дека луѓето кои редовно го внесуваат соодветното количество на магнезиум во организамот, имаат здрави крвни садови и нормален крвен притисок.
5. Опстипација
Магнезиумот исто така е од исклучителна важност за правилното функционирање на дигестивниот систем. Недостатокот од овој елемент може да доведе до појава на опстипација, бидејќи на телото му е потребен овој минерал, за да ги апсорбира сите течности и да ја преработи храната.
6 дополнителни симптоми кои укажуваат на недостаток на магнезиум во организамот
- Депресија
- Астма
- Болки во зглобовите
- Недостаток на калциум
- Зголемен апетит за благо
- Аритмија