5 неочекувани употреби на пената за бричење, кои ќе ги воодушеват сите
Иако пената за бричење ја користат најчесто мажите, всушност овој производ е решение за многу домашни проблеми со кои секојдневно секој од нас се среќава. Еве на кои 5 начини може да ја употребите пената:
1. За ќилимот
За да го исчистите ќилимот, добро нанесете од пената за бричење врз неговата површина и притоа истријте ја врз дамките, а потоа оставете ја да отстои 10 минути. На крај избришете со сунѓер, а потоа употребете ја и правосмукалката. Доколку станува збор за постара дамка, оставете ја пената да дејствува 2 часа.
2. Огледалото во бањата
Сите знаеме дека по топлиот туш, огледалото во бањата станува матно благодарение на создадената пареа. Токму со пената за бричење лесно може да го елиминирате овој проблем. Нанесете од пената врз огледалото и со сува крпа бришете 20 минути.
3. Метални површини
Евтината пена за бричење совршено може да ги исчисти дамките од металните површини. Доволно е да нанесете само мало количество врз сунѓер или парче ткаенина и да избришете. Истото може да го направите и со чистењето на мијалникот.
4. Полирање на накитот
Едноставно нанесете и истријте го вашиот омилен накит со пена за бричење и оставете ја истата да дејствува 10 минути, а потоа едноставно исчистете со чиста крпа. Истото може да го направите со било кој ваш накит, вклучувајќи го и златниот.
5. Чистење на мебел со мека површина
Наместо да се мачите со правосмукалка или сапун и вода, едноставно нанесете пена за бричење врз мекиот мебел, оставете да отстои 5 минути, а потоа избришајте со сунѓер. На крај, употребете ја правосмукалката и тоа е сè!