5 причини зошто имате бавен метаболизам и поради кои потајно се зголемува вашата тежина
Една од основните причини за наталожувањето на килограмите и ниската ефикасност на бројните диети лежи токму во бавниот метаболизам. Тајната на многу витки дами не е строгиот режим на исхрана или прекумереното вежбање, туку едноставно сето се должи на здравиот и брз метаболизам.
Токму затоа во продолжение ви откриваме 5 причини поради кои можеби имате бавен метаболизам, што ве спречува ефикасно да ослабнете:
1. Стрес
Нервното напрегање го забавува метаболизамот. Истражувањата покажуваат дека женското тело за време на стрес согорува 100 калории помалку отколку кога телото е во смирена состојба.
2. Недостаток на железо
Железото дејствува како доставувач на кислород до мускулите, а со кислородниот глад нивото на енергија се намалува и со тоа се забавува и самиот метаболизам. Не заборавајте во вашата исхрана да вклучите храна богата со железо како хељда, грав и црн дроб.
3. Нередовна исхрана
Ако се храните нередовно, на овој начин ќе го натерате телото да складира енергија, бидејќи истото не знае кога следно пак ќе добие храна. Консумирајќи храна на секои 3-4 часа ќе внесете рамнотежа во организамот и ќе го нормализирате метаболизамот.
4. Недостаток на млечни производи во исхраната
Млечните производи содржат хранливи вредности и млечни киселини, кои влијаат врз ефикасното согорување на наталожените масни наслаги и формирањето на нови мускули. Покрај тоа, млекото содржи калциум, кој е од голема важност за регулирање на метаболизамот.
5. Премногу висока температура во домот
Лекарите веќе долги години го препорачуваат редовното проветрување на просториите во домот пред спиење, а причината за тоа не е само уништувањето на бактериите, туку студот ги активира поткожните масти, одговорни за согорување на калориите.