5 причини зошто луѓето остануваат во дисфункционални врски
„Секоја врска има некое ниво на дисфункционалност“, вели психологот Џини Лав Томпсон. Иако е нормално да имате добри и лоши денови во врската, исто така е паметно да знаете кога е време да се откажете. Но, честопати, напуштањето е полесно да се каже отколку да се стори.
Имајќи го ова на ум, решивме да нурнеме длабоко во психологијата што стои зад некои од причините зошто луѓето остануваат во дисфункционални и нездрави врски.
1. Се плашат од осаменост
Според една студија, стравот да се биде сам може да ги натера луѓето да останат во деструктивни врски, од едноставна причина што е „подобро“ да имате несовршен партнер отколку да бидете сингл. Општеството понекогаш може да ги натера луѓето да мислат дека да се биде сингл или „сам“ е негативна работа – но во реалноста, нема апсолутно ништо лошо во тоа.
2. Имаат ниска самодоверба
Студиите исто така сугерираат дека луѓето кои имаат ниска самодоверба имаат тенденција да останат во нездрави врски. Откако долго време живееле во тој дисфункционален свет, на луѓето може да им биде лесно да западнат во стапица и да веруваат дека тие се виновни за нездравото однесување на нивниот партнер. Ниската самодоверба исто така може да ги натера луѓето да се сомневаат во нивната сопствена вредност и способност.
3. Се чствуваат одговорно за постапките на партнерот.
По непријатна конфронтација, насилникот понекогаш ќе го натера својот партнер да се чувствува виновен за ситуацијата. Вашиот партнер може да ме натера да се чуствувате одговорно за неговите постапки велејќи ви дека вие сте виновни што сте го натерале на тоа.
4. Верувате дека работите може да се променат
Многу луѓе кои се во дисфункционални врски остануваат во нив затоа што го сакаат својот партнер и веруваат дека работите некогаш ќе се подобрат или дека може да ја спасат врската. Тие исто така може да мислат дека нездравото однесување на нивниот партнер е резултат на тешки околности или дека некако можат да ја променат врската со тоа што тие самите ќе бидат подобар партнер. Но, во реалноста, однесувањето често само се влошува со текот на времето и луѓето едноставно се повеќе се повредуваат.
5. Се плашат од одбивање
Друга причина е одбивањето, луѓето остануваат во нездрава врска затоа што се плашат да не бидат отфрлени во иднина, па затоа остануваат со сегашниот партнер. Луѓето кои се плашат од одбивање може да имаат потешкотии да се изразат, и да се одбранат себеси.