5 природни и лесни начини за зацврстување и обликување на вашите гради
Поголем дел од женте сакаат совршен изглед на градите, но многу мал дел од нив размислуваат и за нивното здравје. Ова се неколку корисни совети кои ќе ви помогнат да ги одржите вашите гради убави и цврсти на подолг временски период.
Туширајте се со ладна вода
Ладниот туш можеби не е многу пријатен, но е добар за вашата кожа. Ако не можете да го правите тоа секој ден, нанесете коцки мраз или ладна облога на вашите гради.
Држете го грбот исправен
Кога сте искривени правите градите да ви изгледаат помалку атрактивни, но исто така ги опуштате и мускулите на градите. Настојувајте да ги одржите рамениците исправени, добро е за вашиот изглед но и за здравјето.
Избегнувајте притисок врз градите
Потрудете се да не спиете на градите и секогаш бирајте долна облека која што ви одговара. Помал градник кој што ви ги подига градите и создава по секси изглед всушност е многу штетен за нив. Неудобен е и до намалува протокот на крв во градите.
Спортувајте правилно
Џогирање, аеробик и други типови на активни спортови можат да бидат корисни за вас, но можат и да им наштетат на градите, при правење на оштри движења кои што го оштетуваат мекото ткиво. Единствено решение е добар спортски градник.
Избегнувајте го сонцето
Константното сончање, особено без заштитна крема, ќе предизвика сушење на кожата и губење на нејзината еластичност. Сончањето топлес на плажа не е добра идеја ако сакате да ја задржите формата на градите.