Варикозните вени се создаваат кога малите вентили во вашите вени престануваат да работат правилно. Во здрави вени, постојат серија на мали вентили кои се отвораат и затвораат со цел да ѝ се овозможи на крвта да тече непречено до срцето во една насока. Доколку овие вентили се оштетат или ослабнат, крвта тече наназад, поради што вените ќе станат отечени и зголемени.

1. Семе од домати

Семето од домати, содржат салицилна киселина која има својства слични на аспирин и функционира како антикоагулант за спречување на згрутчување на крвта и подобрување на протокот на крв. Покрај тоа, доматите се богати со ликопен, кој се концентрира во нашите клеточни мембрани и го спречува оштетувањето на липидите во нашите клетки. Ако се нанесува на кожата локално, го намалува изгледот на оштетените вени и влијае на дебелината, силата и флуидноста на нашите мембрани, дозволувајќи им на хранливи материи да се апсорбираат и го спречуваат на внесувањето на токсините.

Подготовка и употреба:

  • Исечете 2 домати на мали парчиња. (обидете се да не го изгубите семето)
  • Ставете ги во блендерот неколку секунди додека не станат мазна чиста смеса.
  • Се нанесува локално на кожата 3-4 пати на ден, најмалку 2 месеци.

2. Лук, лимон, и маслиново масло

Лук, се користи за многу состојби кои се поврзани со срцето и циркулаторниот систем. Лукот произведува алицин и ајоен, кои се сулфурни соединенија кои имаат способност да ја подобрат циркулацијата на крвта.

Лимоните имаат високо ниво на витамин Ц, Б6, А, Е, фолат, ниацин, тиамин, рибофлавин, пантотенска киселина, бакар, калциум, железо, магнезиум, калиум, цинк, фосфор и протеини. Големите количини на витамин Ц помагаат да се заштитат клетките од оштетување на слободните радикали и да се спречи оштетувањето на оксидацијата.

Маслиновото масло има антиинфламаторни, тонизирачки и смирувачки својства кои, откако ќе се апсорбираат преку кожата, ќе ја намалат големината на проширените и зголемени вени и ќе го активираат протокот на крв.

Подготовка и употреба:

  • Исецкајте 10 чешниња лук и здробете ги со толчник додека не добиете паста.
  • Додајте ја пастата во чиста тегла.
  • Исцедете сок од 3 лимони и додадете го во теглата.
  • Додадете 4 лажици маслиново масло.
  • Оставете во текот на ноќта (10 – 12 часа).
  • Користејќи памук, применувајте на погодената област два пати на ден најмалку еден месец.

3. Магдонос и масло од роза

Магдонос е богат со витамини А, К, Ц и Е, тиамин, рибофлавин, ниацин, витамин Б6, витамин Б12, пантотенска киселина, холин, фолати, калциум, железо, магнезиум, манган, фосфор, калиум, цинк и бакар. Исто така, содржи неколку флавоноидни антиоксиданти кои ги штитат клетките од оштетување на слободните радикали, кое се одговорни за проблемите поврзани со крвта.

Етеричното масло од роза е направено од Rosa Damascena, а истражувачите откриле дека содржи неколку терапевтски соединенија за кои се знае дека го подбруваат здравјето на телото. Ја подобрува циркулацијата на крвта, го спречува згрутчувањето на крвта и ги зајакнува крвните садови. Тоа е едно од најдобрите етерични масла за вените на нозете.

Подготовка и употреба:

  • Земете 1 грст сецкан магдонос и ставете го во сад.
  • Додадете 1 чаша вода и вријте 5 минути.
  • Тргнете го од топлина, покријте и оставете да се изладите додека не биде млака смесата.
  • Одделете ја течноста од магдоносот.
  • После тоа, во течноста додадете 3 суп.л масло од роза и добро промешајте.
  • Натопете памук во смесата и нанесете на погодената површина.
  • Исплакнете со топла вода.
  • Повторувајте го ова двапати дневно 2 месеци.

4. Невен

Невенот е антивоспалителен и може да се бори против инфекции и воспаленија. Тој содржи флавоноиди, тритерпен, сапонини и каротеноиди за кои се смета дека делуваат на повеќе проблеми како што е зголемување на венскиот тон, подобрување на лимфната дренажа и намалување на капиларната хиперперемност.

Подготовка и употреба:

  • Наполнете една чаша со лисја од невен.
  • Потоа додадете во сад со 4 шолји вода и и оставете да врие 5 минути.
  • Земете памучна крпа, натопете ја во мешавината, а потоа применете на погодената област.
  • Оставете ја крпата додека не се излади целосно.
  • Применувајте неколку пати на ден од 1 до 2 месеци.

5. Зелка

Зелка, е богата со нерастворливи влакна, бета-каротин, витамини – Б1, Б6, К, Е и Ц, како и голем број на минерали како калциум, јод, магнезиум, железо и сулфур. Зелка е исто така натоварена со антиоксиданти и фитохемикалии. Кога овие антиоксиданти и фитохемикалии ја допираат погодената област, тие стигнуваат до вените низ порите и ѝ помагаат во крвта, со што се спречува згрутчување на крвта.

Подготовка и употреба:

  • Земете 3 лисја од зелка и исечете ги на многу мали парчиња.
  • Потоа ставете ги во блендер и почнете да мешате.
  • Земете цедилка и исцедете ја смесата во неа за да го извадите сокот од листовите од зелката.
  • Се применуваат локално најмалку 3 пати на ден.

Бонус

Јаболков оцет, цимет, алое вера, и морков

Изрендајте еден морков со средна големина. Исцедете го сокот од изренданиот морков и ставете го во сад. Додадете 1 лажица сок од морков во нова чинија. Додадете 1 лажиче гел од алое вера во истиот сад. Додадете 1 лажиче јаболков оцет и цимет во истиот сад. Промешајте.

Нанесете со памук локално најмалку 3 пати на ден во период од еден месец.