5-те мали работи кои ги возбудуваат и полудуваат мажите и кои дамите често треба да ги практикуваат, според експертите
Постојат одредени мали детали на кои мажите едноставно не можат да им одолеат и доколку сакате да ги зачините и направите незаборавни интимните моменти со партнерот, тогаш ова е вистинската статија за вас.
Станува збор за многу едноставни и лесни работи за реализирање, кои според љубовните експерти, треба секоја дама да ги практикува, за да го направи интимниот живот уште подинамичен и возбудлив.
1. Иницијатива
Мажите се ловци по природа, но пак понекогаш на самите нив им е доволно од нивното его и обожаваат кога од време на време, жената е таа што прва ќе ги запали љубовните искри.
2. Спонтаност
Повеќето мажи се супер воодушевени од идејата за спонтан интимен однос. На пример, водење љубов во автомобил или пак, будење наутро со свежа страст. Мажите се согласуваат дека е многу послатко кога е неочекувано.
3. Парфем
Нежниот и пријатен мирис на женската кожа секогаш чудесно влијае врз мажите. Покрај возбудата, парфемот ќе остави и подолготрајни траги во неговата меморија, при што тој со задоволство ќе мисли на вас.
4. Контрасти
Емоционалниот контраст се однесува на тоа, на пример, сте се скарале со вашиот партнер и токму кога тој очекува да му се лутите со денови, вие одеднаш започнувате да му ја откопчувате кошулата и да го бакнувате страсно.
Физичкиот контраст е општата динамика во интимниот однос, менувањето од побрзо кон побавно и обратно, е нешто што многу им се допаѓа на мажите.
5. Желба
Што и да правите, како и да го правите, никогаш нема да има целосен ефект, доколку всушност немате желба за интимен однос. Желбата е нешто кое ги буди и најдлабоките сокриени страсти на мажите, да видат дека ви причинуваат големо задоволство и дека ги посакувате со сета сила.