5-те најчести грешки при облекувањето кои нè прават да изгледаме постаро
Да се следи модата е нож со две острици. Кога се носи правилно, облеката може значително да го подобри надворешниот изглед, но постојат одредени грешки за кои не сме свесни дека истиот го уништуваат, а кои најчесто ги правиме.
Еве кои се 5-те најчести грешки при облекувањето кои нè прават да изгледаме многу постаро од нашата реална возраст:
1. Премногу црна облека
Носењето на црно од глава до пети не секогаш добра идеја. За оваа цел, додадете моден додаток во различна боја, да го освежите изгледот.
2. Погрешна големина на градник
Не заборавајте дека телото на жената трпи многу промени. Промените во телесната тежина и хормонските промени може да влијаат врз големината на градите. Решение? Купувајте нов градник на секои 6-8 месеци.
3. Предолго здолниште
Освен доколку колената не се вашиот најомилен дел од телото, во тој случај, долгото здолниште е супер идеја, но во спротивен случај, предолгото здолниште може да ве направи да изгледа многу постаро.
4. Вашите очила
Доколку носите очила, обратете внимание на нивната рамка. Доколку е темна и дебела, време е да ја промените и наместо тоа да изберете очила со тенка и елегантна рамка, која ќе го освежи вашиот изглед.
5. Премногу широка облека
Иако повеќето жени со текот на годините сакаат повеќе да ги сокријат своите недостатоци, сепак носењето широка облека од глава до пети не е решение. Наместо тоа, комбинирајте тесни и широки парчиња, кои истовремено ќе ги сокријат вашите недостатоци, но и ќе ја истакнат вашата фигура.