5-те најчести грешки при варењето на тестенините, кои нè спречуваат да имаме совршено приготвено јадење
Варењето на макарони и шпагети навидум изгледа лесен процес, но многу работи може да бидат погрешно направени. Откријте како да го спречите нивното лепење и како може да ја искористите водата во која сте ги вареле тестенините..
И најважното, кои се 5-те најчести грешки, кои секој од нас ги прави при варењето на овие омилени јадења:
1. Користиме мал сад за варење
Кога зборуваме за приготвување на тестенините, големината на садот во кој тие ќе се варат е навистина важна.
Потребно е да готвиме во голем сад со повеќе вода, бидејќи при варењето тестенините нараснуваат и им е потребно повеќе простор. Доколку не сме ставиле и доволно вода, тие набрзо ќе станат лепливи и со кашеста текстура.
2. Прерано ја солиме водата
Според експертите, солта во водата треба да ја додадеме кога водата ќе зоврие, точно пред да ги додадете макароните или шпагетите. На тој начин, тие подобро ќе ја примаат солта. Затоа, не ги солете уште на почетокот, кога водата е ладна.
3. Додаваме масло за готвење во водата
Многумина од нас додаваат масло за готвење во водата, бидејќи некаде прочитале дека на така ќе се спречи лепењето на тестенините. Лепењето може да го решите така што постојано ќе ги мешате истите. Избегнувајте да додавате масло за готвење, бидејќи тогаш ќе се создаде мастен слој на тестенините и потоа тие потешко ќе се соединат со сосот кој сте го планирале за нив.
4. Ги цедиме тестенините
На овој начин, ние мислиме дека ја цедиме водата, но всушност така се цеди и вкусот и нишестето, кое се наоѓа во водата од тестенините. Наместо да ги цедите, директно послужете ги користејќи вилушка или лажица со дупчиња.
5. Ја фрламе водата во која сме ги вареле тестенините
Големо количество на претходно споменатото нишесте останува во водата и според врвните готвачи, токму со таа вода треба да го приготвиме сосот кој сме го планирале за тестенините. Истовремено, токму поради веќе добиеното нишесте, заборавете на додавањето брашно во сосот.