Кафеав исцедок: 5-те најчести причини за појава
Причините како и самата појава на кафеав вагинален исцедок кај дамите е чувствителна тема за дискусија, но денес ги откриваме здравствените детали зад овој проблем.
Вагиналниот кафеав исцедок се произведува од жлездите во пределот на вагината и матката, а се карактеризира со недостаток на мирис и боја и истиот претставува природен процес при женското тело.
Нормалниот вагинален исцедок не е пропратен со чувство на непријатност, на чешање, сувост на вагината и надразнетост на надворешните гениталии.
Појавата на исцедок со невообичаен мирис, боја, текстура и надворешен изглед претставува индикатор за развој на патолошки процеси во матката и вагината.
Што е потребно да знаеме за појава на кафеав исцедок кај жените?
Вообичаено бојата на менструалната крв варира од светла до темна боја, што се должи на присуството на ензими во истата. Менстурацијата кај здравите жени трае од 3 до 8 дена.
Но, појавата на кафеав исцедок во друга фаза, вон менструалниот циклус е исклучок од нормалното. Оваа невообичаена појава е застапена кај 80% од дамите.
Најчестите причини за појава на кафеав исцедок се:
- Користење на различни хормонски контрацептивни средства (перороални, спирали и сл.)
- Возможна повреда на вагиналниот ѕид или на грлото на матката, кои може да настанат при практикување на лична хигиена или груб интимен однос.
- При прв интимен однос.
- Во пресрет на менструалното крварење, при што во одредени случаи се појавуваат кафеави дамки неколку дена пред менструалниот циклус.
- По завршувањето на менструалниот циклус во продолжение од неколку дена.
Во овие случаи – при менструација и полов однос, кафеавиот исцедок се смета за нормален, поради настанатите хормонски промени.
Но, доколку кафеавиот исцедок се појавува во изобилство, имате хетерогена структура, се карактеризира со непријатен мирис, тогаш истиот е индикатор за присуство на патолошки процес. Во тој случа, неопходно е да се посети гинеколог, за да се направи подетален преглед и да се воспостави точна дијагноза.
Често, кафеавиот исцедок се појавува и во првите 3 месеци за време на бременост и во деновите на очекување на менструалниот циклус.