5-те најдобри домашни маски за ефикасно отстранување на здодевните црнки
Ако веќе ви е преку глава од црнките на лицето кои го уништуваат сјајот и изгледот на вашата кожа, без грижи, овие маски се тука да го решат проблемот. Состојките веќе ги имате во кујна и едноставни 20 минути.
Сите маски лесно може да ги приготвите дома, уште денес, а сите се на природна база. Во продолжение одберете ја онаа која највеќе сметате дека е соодветна за вашата кожа, според нејзините својства, направете, нанесете и уживајте во резултатите на чиста, блескава и беспрекорна кожа без акни, црнки и пори!
1. Маска од мед и млеко
Што ви е потребно?
- ¼ шолја млеко
- 2 лажици мед
- Памучни туфери
Што да направите?
- Во сад добро измешајте го млекото и медот.
- Натопете го туферот во оваа смеса и нежно нанесете врз површината на црнките.
- Оставете маската да отстои 10-15 минути
- Измијте го лицето со топла вода
- Маската може да ја користите еднаш до двапати неделно.
Зошто оваа маска функционира?
Млекото содржи млечна киселина, која е позната како совршен природен ексфолијатор. Лесно се впива во кожата, ефикасно ги отстранува мртвите клетки и ги отвара порите. Медот пак, е познат по своите осветлувачки својства, поради кои вашат кожа веднаш ќе заблеска.
2. Маска од белки и сок од лимон
Што ви е потребно?
- 1 белка
- 1 лажица сок од лимон
- Четка за лице
Што да направите?
- Измешајте ја белката со сокот од лимон.
- Со помош на четката, нанесете од текстурата врз целото ваше лице.
- Внимавајте да не ја нанесувате смесата во близина на сензитивните делови, како очите и веѓите.
- Оставете ја маската да отстои 10-15 минути
- Маската малку ќе се исуши и ќе го затегне вашето лице/
- Измијте со ладна вода
- Нанесете навлажнувачка крема за лице
- Маската може да ја употребувате еднаш неделно.
Зошто оваа маска функционира?
Белката од јајцето е позната по своите адстрингентни својства кои одлично помагаат при воспалителните процеси, при што во спој со кожата, истата одлично ја тонираат. Ги намалува порите, правејќи ја кожата да изгледа беспрекорно и сјајно, без црнки. Сокот од лимон природно ја избелува кожата.
3. Маска од цимет и мед
Што ви е потребно?
- 1 лажица цимет во прав
- 3 лажици мед
Што да направите?
- Во сад измешајте го циметот и медот.
- Добиената паста, нанесете ја врз целото ваше лице
- Фокусирајте се на Т-зоната, брадата и челото.
- Оставете ја маската да отстои 20 минути.
- Измијте со топла вода.
- Маската може да ја употребувате секој ден, во период од 2 недели, за да забележите резултати.
Зошто оваа маска функционира?
И циметот и медот имаат антибактериски својства кои се клучни во третирањето на кожата склона кон појавување акни и црнки. Тие ја чистата кожата од мртвите клетки, бактериите и насоберените масни наслаги на површината. Ги собираат порите, а кожата изгледа сјајно, без дамки и мазно.
4. Маска од нане, лимон и желатин
Што ви е потребно?
- Ливчиња нане
- 1 лажица желатин во прав
- 1 лажица сок од лимон
Што да направите?
- Сварете ги ливчињата нане во малку топла вода, а потоа исецкајте ги со помош на блендер.
- Загрејте дополнителна чаша вода
- Додадете го желатинот и почекајте ја неговата реакција
- Потоа, во истиот додадете го сокот од лимон и нането
- Направената маска нанесете ја врз целото ваше лице и оставете ја додека целосно не се зацврсти
- Маската се отстранува со нежно лупење, а потоа измијте го лицето со ладна вода
- Употребувајте ја еднаш неделно.
Зошто оваа маска функционира?
Лимон има природни антивоспалителни својства и ја осветлува кожата. Антибактериските својства на нането ги намалуваат порите и на благ начин, ги отстрануваат мртвите клетки од кожата. Желатинот е природен протеин кој содржи колаген и полимери, кои воедно ги држат состојките заедно во смесата.
5. Маска од зелен чај, краставица и желатин
Што ви е потребно?
- 1 лажица желатин во прав
- 2 лажици зелен чај
- 2 лажици сок од краставица
Што да направите?
- Загрејте вода и потоа додадете го желатинот во неа.
- Потоа, додадете ги зелениот чај и сокот од краставицата во желатинот.
- Нанесете врз целото ваше лице
- Оставете ја маската да отстои 20 минути, а потоа отстранете со лупење
- Измијте со ладна вода
- Маската може да ја употребувате еднаш неделно
Зошто оваа маска функционира?
Желатинот ја подобрува еластичноста на кожата и е најлесниот начин да си направите домашна маска на принципот на лупење. Краставицата ја лади и темелно освежува кожата. Зелениот чај е совршен природен антиоксидант кој го намалува црвенилото и воспаленијата, предизвикани од акните, црнките и насоберените мртви клетки