5-те работи кои мажите ги сакаат од жените, многу повеќе од нивниот надворешен изглед
Најважните работи кои мажите всушности ги сакаат од жените, немаат никаква поврзаност со надворешните изглед на дамите, иако тоа е прво нешто што забележуваат.
Еве кои се 5-те работи кои им се многу поважни на мажите при изборот на партнерка:
1. Да умее да ги сослуша
Многу мажи едноставно ценат кога нивната избраничка умее да ги сослуша, без да дава непотребни коментари или дополнителни критики, кога и онака се чувствуваат доволно лошо.
2. Да биде спонтана
Тие сакаат жена да биде способна да ги прифати работите онакви какви што се и секогаш да може да се чувствува удобно, во секоја дадена ситуација.
3. Кулинарски вештини
Многумина мажи ќе се согласат дека сосема точна е поговорката дека патот до нивното срце е преку стомакот. Тие едноставно обожаваат кога жената знае да готви и кога особено со љубов готви за нив.
4. Да биде грижлива, но во умерени граници
Мажите сакаат да знаат дека се грижите за нив, но потрудете се тоа да не го покажувате претерано. Од време на време изненадете ги, јавете им се, прашајте ги како се, но не се однесувајте како тие да се мало дете кое не знае да се справи само со себе.
5. Смисла за хумор
Оваа карактеристика мажите неверојатно ја обожаваат и ценат многу, особено доколку планираат нешто сериозно со жената со која се моментално. Едноставно сите ќе се согласиме дека никој не сака здодевен партнер до себе.