5-те работи кои мажите не ги поднесуваат кај жените, но дамите го мислат токму спротивното
Иако дамите го мислат токму спротивното, всушност овие 5 работи во однос на надворешниот изглед и шминкањето во потполност ги одбиваат мажите. Во продолжение прочитајте кои се тие.
1. Премногу темна сенка
Многумина мажи сметаат дека претерано темниот изглед на очите комбиниран со туш под истите, воопшто не е привлечен. Тие се едногласни дека ова го нарушува нежниот изглед и ја прави лицето да изгледа поагресивно.
2. Кармин во премногу впечатливи бои
Според мажите, кармините во премногу светли и впечатливи бои, покрај тоа што на усните им даваат непријатна леплива текстура, исто така се непрактични, бидејќи многу тешко се отстрануваат од кожата и облеката.
3. Вештачки трепки
Повеќето мажи се едногласно против овој козметички тренд. Тие сметаат дека вештачките трепки не само што му даваат крајно неприроден изглед на лицето, туку и го прават сосема непривлечно. Доколку се користат, нивната должина мора да наликува на природната.
4. Премногу тенки или дебели веѓи
На прашањето за веѓите, слично како и за трепките, мажите советуваат едноставно да се држите до златната средина, односно веѓите да бидат умерени во однос на нивната дебелина.
5. Лажен тен
Непририодниот кафеаво-портокалов тен на кожата може личност да ја направи да изгледа непривлечно, бидејќи природниот тен, без разлика на нијансата, е секогаш подобар избор, што ве прави да изгледате убаво и совршено во секое време.
Што претпочитаат мажите?
Најпрво, природен изглед, второ – умереноста при користењето на козметиката и шминката, трето – способноста да се истакнат цртите на лицето. И се подразбира, самодовербата, која не може да се истакне ниту сокрие со никаква шминка. Затоа при нанесувањето на шминката, не ја заборавајте најважната основа, а тоа е љубовта кон самите себе.