5-те работи кои жените над 40 години не треба да ги прават
Жената на 40-години е нешто многу повеќе- Таа е зрела, знае точно што сака и како да го добие. А еве кои 5 правила треба да ги следат овие дами, според експертот Роза Бранк, за да ја задржат нивната самодоверба.
1. Колку и е да е интересна забавата, направете го сето возможно следното утро да се разбудите во вашиот кревет.
2. Доколку доцна вечерта треба да ја измиете косата, да ги налакирате ноктите или да ги депилирате нозете, легнете си. Косата може да ја врзете и напрскате со лак, нозете да ги сокриете под панталоните, но со ништо нема да може да го сокриете уморниот изглед.
3. Патувајте. Искористете ја буквално секоја можност за да патувате. Новите дестинации се единствениот начин како да живеете, без да стареете.
4. Со караниците не се раѓа вистината, туку мигрената. Едноставно кажете им на луѓето дека тие се во право, а вие заштедете ги вашите нерви и бидете среќни.
5. Ниту еден маж не е толку важен, за да носите неудобни високи потпетици за него.