5-те сигнали кои телото ги испраќа до нас неколку дена пред мозочен удар
Покрај тоа што може да биде фатален, мозочниот удар може од друга страна, да предизвика трајни последици. Тој настанува со прекинување на протокот на крв кон одредена област до мозокот, што доведува до загуба на некои способности, поврзани со мозочната функција.
Иако мозочниот удар се појавува ненадејно, сепак постојат одредени симптоми, односно знаци и сигнали кои нашето тело ги испраќа до нас, неколку дена пред мозочниот удар, благодарение на кои, доколку навремено ги забележиме, може да побараме соодветна лекарска помош. Еве кои се тие:
1. Трнење и проблеми со движењето
Мозочниот удар ги засега невроните во мозокот, а индиректно и начинот на активирање на мускулите, од кои зависат командите, испратени од нервниот систем. Токму поради ова, мозочниот удар може да предизвика ненадејно чувство на слабост, трнење и проблеми со движењето.
2. Искривена уста
Ова е една од најзабележителните последици по мозочниот удар, но може да се појави непосредно и пред истиот. Ако забележите дека вашата усна е искривена или имате потешкотии да зборувате или да се насмевнете, неопходно е да побарате лекарска помош.
3. Проблеми со говорот
Проблемите со говорот може да се појават при обидот да се изразите, но и во обидот да разберете што ви зборуваат другите луѓе. Тоа се должи на фактот што одредени психолошки процеси ја вклучуваат функцијата на поголемите области на мозочната кора. Ако забележите дека за неколку секунди не може да изговорите едноставни зборови или не разбирате што ви зборуваат луѓето, ова може да биде и предупредувачки симптом за мозочен удар.
4. Ненадејна загуба на видот
Ненајдените проблеми со видот може да го засегнат едното или и двете очи. И покрај тоа што ова е симптом, кој бара итна лекарска помош, неопходно е да се земе во предвид дека постојат и други состојби кои го предизвикуваат овој проблем, а кои не се повразни со појавата на мозочен удар.
5. Загуба на чувство за време, меморија и ориентација
Мозочниот удар може сериозно да влијае врз нашата свест, предизвикувајќи липотимија. Тоа е синдром што предизвикува вртоглавица, зашеметеност, замор, како и загуба на чувство за време. Исто така, кога некој дел од мозокот е повреден, може да дојде до ненадејна загуба на ориентација и меморија.