5-те собни растенија кои го красат домот, но се штетни за нашите домашни миленици
Речиси секој во домот има одредени избор на билки кои го освежуваат воздухот и го красат просторот. Но, дали знаете дека одредени собни билки всушност можат да бидат неверојатно штетни за вашите миленици?
Еве кои 5 билки се наоѓаат на оваа листа:
1. Нарциси
Нарцисите се прекрасни, но сепак треба да ги држите подалеку од вашите мачиња и кучиња. Ова силно токсично растение може да предизвика повраќање и дијареја кај милениците, а голтањето на поголемо количество од оваа билка доведува до низок крвен притисок и срцева аритмија.
2. Зумбули
Впечатливите и ароматични зумбули всушност се многу опасни за мачињата и кучињата. Може да предизвикаат силно повраќање, дијареја пропратена со крв, депресија и треперење на целото тело.
3. Алое вера
Алое верата е исклучително популарно собно растение, но за жал, истото е токсично за милениците.
4. Бегонија
Бегонијата му дава неверојатен изглед на домот, но е многу отровна за мачињата и кучињата. Предизвикува повраќање, дијареја, а кај одредени видови на мачки, може да доведе и до онесвестување.
5. Филодендрон
Исто како и алое верата, така и ова собно растение, но кое исто така е токсично за милениците. Може да предизвика интензивно чувство на горење и дразнење на устата и јазикот, заедно со прекумерено лигавење, повраќање и отежнато голтање.