5-те штетни работи кои се случуваат доколку навреме не ги промениме пижамите
Според истражувањата, просечниот маж ја менува својата пижама на секои 13 дена, додека просечната жена тоа го прави на секои 10 дена. Но, експертите препорачуваат дека всушност тоа треба да го правиме на секои 2-3 дена, бидејќи во спротивно ќе се соочиме со овие штетни последици!
1. Спиете во нездрава средина
Пижамата е директно врз вашата кожа. Ако носите една иста пижама повторно и повторно, долг временски период, без да ја перете, бактериите и мртвите клетки може да се наталожат врз самиот материјал, што може да предизвика разни инфекции.
2. Тоа влијае на квалитетот на вашиот сон
Како што исперените и чисти чаршафи може да ви дадат прекрасно чувство на релаксација, исто така и чистите и исперени пижами може да ве направат да се чувствувате освежено. Спиењето во валкани пижами со пот, може да ве држи будни цела ноќ, чувствувајќи постојано чешање.
3. Може да ги влоши вашите алергии
Ако сте алергични на прашина или имате белодробни нарушувања, тогаш сонот во валкани пижами може дополнително да ја влоши вашата ситуација.
4. Може да предизвика акни
Кога нема да ја смените пижамата, во истата се наталожуваат бактерии и мртви клетки, кои во текот на спиењето ги притискааат порите на кожата, ги блокираат и така предизвикуваат проблеми, апсорбирајќи ја потта и предизвикувајќи појава на акни.
5. Тоа може да го ослабне вашиот имунитет
Кога носите една иста пижама подолго време, вашиот имунолошки систем непрекинато се бори против микроби, проблеми со дишењето и алергии. Сите тие фактори може да придонесат за ослабнување на силата и имунитетот на вашето тело, што ќе го направи многу послабо во однос на вирусите.