5-те видови на храна кои се најголем непријател на метаболизамот – Нè спречуваат да ослабнеме
Сите ние знаеме колку правилната исхрана и видовите на храна се важни и клучни за процесот на слабеење. Лошиот избор на истите доведува до нарушен метаболизам, што логично доведува до таложење на килограмите.
Здравото хранење нема допирни точки со гладувањето, но пак од друга страна, не значи дека доколку прекумерено консумираме овошје и зеленчук, веднаш ќе ослабнеме. Тајната е во совршениот баланс.
Токму денес ви откриваме кои 5 видови на храна се најголемиот непријател на нашиот метаболизам, кои го отежнуваат слабеењето.
1. Незачинета храна
Иако звучи изненадувачки, според експертите и светските нутриционисти, консумирањето на храна која не е збогатена ниту со малку зачини, го забавува нашиот метаболизам.
2. Алкохол
Редовното и прекумерено консумирање на алкохол може да резултира со редица штетни последици врз нашето здравје и тело, вклучително и да го забави метаболизамот.
3. Диетални безалкохолни пијалоци
Овој вид на пијалоци всушност може да бидат многу поштетни за разлика од обичните, а според истражувањата дури може да придонезат за зголемување на ризикот за развивање на дијабетес.
4. Нископротеински диети
Режимите на исхрана кои вклучуваат минимална консумација на протеини не се корисни за метаболизамот, тврдат експертите.
5. Нискокалорични замрзнати видови на храна
Повеќето луѓе избираат да приготват цел пакет замрзната нискокалорична храна која вообичаено содржи меѓи 150 и 200 калории, мислејќи дека на овој начин побрзо ќе се ослободат од вишокот килограми, но поради фактот што не даваат доволно енергија на организамот, со тоа го забавуваат метаболизамот.