5-те знаци кои откриваат дека сте изложени на прекумерен стрес и вашиот имунитет се бори
Секој од време на време се соочува со стрес, но доколку има нешто што веќе подолго време ве загрижува и ви предизвикува умствен притисок, тогаш неопходно е навреме да обратите внимание на вашето здравје, бидејќи последиците може да бидат настанати токму од стрес.
1. Кожни заболувања
Псоријазата, акните и другите кожни заболувања можат да бидат предизвикани од стрес. Бројни истражувања покажаа директна врска меѓу високото ниво на психолошки стрес и појавата на кожни проблеми. Еден експеримент со глувци ги покажа истите резултати, односно животните кои беа изложени на прекумерен стрес, исто развија кожни проблеми.
2. Промена на телесната тежина
Можеби сте биле во ситуација при која не може да ја регулирате тежина ниту со диети, ниту со редовна физичка активност. Некои навистина интензивни стресни ситуации го зголемуваат производството на кортизол, кој го забавува метаболизамот и согорувањето на масните наслаги, а притоа вашиот апетит е многу повеќе зголемен.
3. Чести настинки
Како што е кажано погоре, стресот го зголемува нивото на кортизол, што ги стимулира воспаленијата. Доколку една личност се соочува со хроничен стрес, нејзиниот имунолошки систем станува значително почувствителен, што доведува до сериозни воспаленија, како и појава на чести настинки.
4. Дигестивни нарушувања
Постојат научни докази дека стресот може негативно да се одрази врз дигестивниот систем. А понекогаш ниту лекарствата против болки и стомачна подуеност не можат да помогнат. Во тој случај, посетата на психолог ќе ви биде од огромна помош. Лекарот ќе ги утврди причините за вашата загриженост и изворот на стрес и ќе ви помогне истите да ги надминете.
5. Ниско либидо
Емоционално исцрпениот човек вообичаено се соочува и со ниско либидо, а ова е поткрепено и со бројни истражувања. Не треба да се грижите доколку подолго време не сте имале интимни односи со вашиот партнер, бидејќи ова може само дополнително да одмогне на ситуацијата. Ако причината навистина е стресот, тогаш најдобро е да разговарате со партнерот, да ги споделите вашите проблеми, а многу психолози советуваат и да отидете на заеднички одмор, за да се опуштите.