Секоја жена заслужува партнер кој ќе ја поддржува и охрабрува на патот кон остварување на нејзините соништа. Во продолжение прочитјате кои 5 важни знаци укажуваат на тоа дека партнерот не ве сака онолку колку што треба, ниту на правилниот начин и дека всушност вашата љубовна врска ве кочи.

1. Се чувствува љубоморен за вашите достигнувања

Заслужувате да бидете со личност која е горда на вас и среќна за вашите достигнувања, а не со личност која ви замерува секогаш кога ќе доживеете некој успех. Несигурниот партнер секогаш ќе се труд да ги засени вашите успеси поради неговите сопствени комплекси, на еден или друг начин.

2. Не се грижи за вашите цели

Couple problems

Партнерот треба да разбуди во вас чувство дека можете да постигнете сè што сте замислиле, а не да се сомневате во вас. Ако тој не ве сфаќа сериозно и ги исмева сите ваши цели, можеби е време да се збогувате со него. Критиката е секогаш добредојдена, но само доколку е добронамерна и конструктивна, а не злонамерна и насочена од сосема погрешни причини, да ве направи несигурни. Не ви е потребен партнер кој ќе ви ја намали самодовербата.

3. Критикува сè што правите

Ништо не е доволно добро за него и тој никогаш нема да ве пофали за нешто што сте направиле, па дури и да сте го направиле за него. Тој ве критикува кога сте сами, но исто така и пред друштвото и секогаш сака да го истакнува она што го доживува како ваши маани.

4. Сака да се откажете од важните работи за вас

Ве охрабрува да им свртите грб на пријателите кои не ви наштетиле само затоа што нему не му се допаѓаат? Ви предлага да ја смените работата затоа што вашиот распоред не му одговара, а сака да бидете секогаш достапни за него? Не разбира зошто сакате да правите одредени работи или зошто имате хоби? Можеби тој едноставно нема чувство за вашите потреби и смета дека вашето време треба да биде само за него.

5. Го саботира напредок на вашата врска

Изгледа дека сте заглавени во еден маѓепсан круг на бесконечни дискусии за проблемите што ве мачат од почетокот на врската? Дали партнерот одбива да зборува за работи што го/ве мачат или постојано сака да создава конфликти? Вашата врска мирува и не напредува, а тоа автоматски го попречува вашиот личен развој.