5 вежби за грбот по кои ќе се чувствувате како да сте биле на масажа
Сите знаеме дека седечката работа може да биде штетна за нашиот грб. Непријатност, болки и мускулни грчеви се само неколку од проблемите со кои скоро сите се соочуваме. Ако немате време и средства да одите на масажа обидете се со овие ефективни вежби за грб кои можат да се направат на стол.
1. Пеперутка позиција
Поставете ги рацете зад вашата глава, закочете ги лактите и заклучете ги рацете зад вратот. Обидете се да ги турнете вашите лакти што е можно повеќе наназад. Вдишете, раширете ги рацете и туркајте ги градите напред. Потоа издишување, вратете се на почетната положба и обидете се да ги туркате градите наназад. Направете 5 повторувања.
2. Мачешко истегање
Вдишувајте додека нежно ги движите рамениците наназад и ги ситегнувате градите. Обидете се да направите вашите раменици да се допрат, но не ги кревајте рамењата. Како што издишувате, свиткајте го грбот, ставајќи ги рамената напред и наведнувајќи го вратот кон градите. Направете 8 повторувања.
3. Вртење на столот
Вдишете и исправете ја кичмата. Тако што издишувате свртете се кон задниот дел од столот, а притоа рбетот да ви биде статичен. Ставете ги вашите раце на столот. Останете во оваа позиција 30 секудни, земете 5 длабоки здива и повторете од другата страна. Направете по 3 повторувања од секоја страна.
4. Странично свиткување
Ставете ја едната рака на столот а другата исправете ја нагоре и полека свиткувајте се на едната страна. Направете по 10 повотрувања на секоја страна.
5. Гулаб позиција
Истегнете го телото напред, почувствувајте го истегнувањето и обидете се да ги допрете колковите со стомакот. Грбот нека ви биде исправен. Одржувајте ја оваа положба 30 секунди. Земете 5 длабоки здива и префрлете се на другата страна. Направете по 2-3 повторувања на секоја страна.