5 видови на храна и додаток во исхрана кои ќе ви помогнат да имате зима без настинка и грип
Сезоната за настинка и грип пристигна и можеби е време да размислите како да го зајакнете вашиот имунолошки систем. Понекогаш не е доволно да голтнете една таблета витамин Ц и да се надевате на најдоброто. Вашето здравје го опфаќа и вашиот начин на исхрана. Еве каква храна треба да јадете за да станете „отпорни“ на настинката и грипот и кој додаток во исхраната е вистински благодет кога станува збор за зајакнување на имунитетот.
1. Шарено овошје и зеленчук
Глувците кои добивале кверцетин, вообичаено соединение кое се наоѓа во овошјето и зеленчукот, имаат помала веројатност да развијат грип. Консумирањето на овошје и зеленчук ги зголемува вашите циркулирачки нивоа на сите хранливи материи во борбата против грипот и настинката.
2. Лук
Лукот припаѓа во семејството Алиум. Било кој член на ова семејство, вклучувајќи го и кромидот и празот, може да помогне во градењето на вашиот имунитет од заболувања кои се најчести за време на есенскиот и зимскиот период.
3. Пилешка супа
Пилешката супа всушност може да биде добар лек за обичната настинка. Обезбедува течности, за кои можеби ќе ни требаат повеќе кога ќе наидеме на настинка или грип. Исто така, пилешката супа содржи моркови и кромид, кои ги зајакнуваат антиоксидансите.
4. Цели зрна
Консумирањето на цели зрна (мислиме на недопрените зрна како леќата, кафеавиот ориз и овесот) помагаат во размножувањето на здравите бактерии на цревата. Овој процес може да помогне да се надополни вашиот имунолошки систем.
5. Масло од црн дроб на бакалар
Кога имате грип или сте настинати најверојатно најмалку од сѐ што сакате е да јадете риба. Но, маслото од црн дроб на бакалар ќе ви го промени тоа размислување. Маслото од црн дроб на бакалар содржи природни омега 3 масни киселини, кои пак се извор на ДХА (докосахексаеоничната киселина). ДХА ја зголемува активноста на белите крвни зрнца и со тоа го зајакнува вашиот имунитет.
Möller’s маслото од црн дроб на бакалар не ви нуди само природни омега 3 масни киселини туку и витамини Д, А и Е кои се исто така неопходни кога станува збор за заштита од сезонската настинка и грип. Зборуваме за шише полно со „имунитет“ кој ви е неопходен оваа зима за вас и за вашите најмили.
MÖLLER’S можете да го купите во аптеките на Виола, Зегин, Еурофарм, Бети, ДНА Анни Фарм, Дона Фарм, Галениум Фарм, останатите приватни аптеки и дрогериите на ДМ.