Речиси сите луѓе слушнале за видовите храни кои може да послужат како афродизијак. Но, постојат и такви видови кои сериозно може да му наштетат на вашиот сексуален живот.

Токму за овие видови многу помалку се знае, при што за денес ви откриваме која храна се наоѓа на листа на фактори, кои сериозно влијаат врз либидото.

Доколку не сакате да се соочите со нарушен сексуален живот, прочитајте во продолжение, кои видови на храна е неопходно да ги избегнувате, односно колку што можете најмногу да ја намалите нивната консумација:

1. Кафе

Иако шолја кафе е речиси задолжително кај секој човек при ритуалот за будење и кревање на расположението секое утро, сепак, честата консумација на овој ароматичен напиток кај луѓе може да го зголеми ризикот од нарушување на функцијата на надбубржените жлезди, кои пак, се одговорни за лачењето на одредени хормони, меѓу кои спаѓаат и половите хормони.

2. Конзервирана храна

Конзервираната храна е полна со натриум и вештачки додатоци. Храната која содржи високо количество на натриум и воедно мало количство на калиум, може да доведе до висок крвен притисок, што доведува до намалување на протокот на крвта до половите органи.

3. Вештачки засладувачи

Доколку се обидувате да ослабнете, најверојатно консумирате напитоци на чија амбалажа пишува „со нула калории“, кои пак се полни со вештачки засладувачи. Токму овие состојки предизвикуваат главоболки, депресија, надразнетост на организамот и лошо расположение. Докажано е дека вештачките засладувачи може да влијаат врз невротрансмитерот допамин, кој во одредени количества е потребен за појавување на желбата за интимни односи кај луѓето.

4. Газирани пијалоци

При едно истражување, во кое биле вклучени повеќе од 21.000 испитаници, покажало дека консумацијата на шеќер од газираните пијалоци може да влијае врз гените, кои го зголемуваат ризикот за појава на дијабетес. Дебелината, дехидратацијата и загуба на коскената маса се само дел од негативните последици како резултат на претерано консумирање газирани пијалоци.

Сите овие здравствени проблеми лесно може да доведат и до нарушување на либидото.

5. Намалете ја консумацијата на сирење

Повеќето купечки сирења се направени од кравјо млеко, со бројни додатоци како антибиотици и други хормони за раст. Претераната консумација на млечни производи го зголемува нивото на одредени токсини во организамот, кои го попречуваат природното производство на хормоните, во кои се вбројуваат и половите хормони. Насобирањето на ксеноестрогени или т.н „лоши“ хормони може да доведат до сексуална дисфункција и промени во расположението.