5 видови на храна кои никогаш не треба да ги ставаме во блендерот, бидејќи може да го оштетат истиот
Блендерот за многу кратко време стана еден од најпотребните кујнски уреди за повеќето луѓе, благодарение на неговата практичност, брзина и неверојатна ефикасност.
Истиот е од голема помош при подготовката на различни јадења, особено и десерти, кои бараат мазна текстура, што пак сомелувањето на состојките во овој уред го прави најдоброто решение.
Затоа истовремено потребно е да знаете кои видови на храна никогаш не треба да ги додавате во вашиот блендер, бидејќи тие значително ќе ја намалат неговата ефикасност.
1. Тесто
Доколку сакате да го употребите блендерот за да приготвите леб, ќе забележите дека состојките не можат правилно да се соединат во една смеса. За таа цел, подобро е да користите миксер.
2. Коцки лед
Освен доколку немате навистина моќен блендер кој ќе умее да се справи со текстурата на ледот, подобро е да не го користите овој уред за една ваква цел. Истото важи и за големите парчиња замрзнати плодови.
3. Пире од компир
Сечилата на блендерите се премногу моќни за да успеат да ја приготват потребната текстура на пирето од компир, која ја посакувате. Наместо тоа, компирите на крај ќе изгледаат чудно.
4. Врели течности
Целата таа пареа од врелата течност може да предизвика експлозија при капакот на уредот, а со тоа да доведе до потенцијална катастрофа во вашата кујна. Наместо тоа, пред да ја додадете во блендерот, почекајте течноста да се излади малку.
5. Суви плодови
Сомелувањето на сувите плодови како кајсии и сини сливи може да остави лепливи остатоци по сечилата на блендерот, кои подоцна не само што ќе бидат невозможни да се исчистат, туку истите можат и да го оштетат блендерот.