5 вкусни начини за подготовка на традиционалната баница
Баницата претставува традиционално јадење кое се подготвува со замесување на тесто или лиснати кори. Може да се сервира ладно или топло, во било кое време од денот, како појадок, главен оброк, ужина, па дури и десерт.
Со векови, десетици слатки, кисели и солени варијанти на баница ја красат сечија домашна идилична трпеза. Воедно, постојат 3 главни начини на обликување на тестото: Со тенки кори, корите да бидат стуткани по нивната површина или корите да бидат преклопени во спирална форма.
И спротивно на популарното мислење, не постои само еден „вистински и правилен“ начин на подготовка на вкусната баница. Во продолжение следуваат 5 вкусни и неодоливи варијациии на оваа традиционална храна, за сечиј вкус и за секое време.
1. Зелник
И покрај неговото име, кое произлегува од зборот „зелка“, најчестиот тип на зелник, парадоксално, не се прави т.е полни со зелка. Наместо тоа, зелникот може да се подготви со разновиден сезонски свеж зеленчук како што е празот, спанаќот, копривата, киселицата итн. Некои варијанти на зелник вклучуваат и полнење на корите со смеса од кисела зелка, кромид, јајца и сирење. Помалку познато и помалку употребувано име за овој вид на баница е „зелена баница“.
2. Тиквеник
Именуван по самото растение „тиква“, тиквеникот претставува сладок, крцкав десерт кој традиционално се јаде за време на Божиќните празници, а поради неговата популарност тој веќе може да се сретне и во готова замрзната форма во маркетите. Неговиот фил се прави од рендана тиква, измешана со бел или кафеав шеќер и мелени ореви. Дополнителна арома може да му даде циметот, морското оревче, путерот, кората од лимон и шеќер во прав на површината, како декорација за крај.
3. Млечна баница
Друга слатка варијанта на традиционалната баница е млечната баница. Најчест и најлесен начин на која може да ја направите е да поставите тенки кори подмачкани со путер во сад и да ги печете така, без фил. Откако корите ќе станат златно-кафеави, преостанува врз истите да се прелее засладена мешавина од млеко, јајца и шеќер и корите да се вратат повторно на печење, уште 10-15 минути.
Некои варијанити на млечната баница вклучуваат мешавина од ванила и несолено сирење и притоа смесата да се нанесе на корите уште пред самото печење т.е впивање на секоја кора поединечно во слатката смеса. Во секој случај, ова е еден од најлесните начини за подготовка на традиционалната баница, кој што може да го подготвите кога и да посакате.
4. Баница со сирење
Ова е еден од најпопуларните видови на баница, речиси омилен на сите. Традиционално, корите се полнат со кравјо сирење, но воедно тоа може да биде надополнето со млеко или јогурт, јајца, билки, зачини, праз и слично. За разлика од останатите видови, оваа верзија на баницата може да се приготви и со стуткани кори, а во некои рецепти, млекото и јогуртот може да се заменат со газирана вода.
5. Баница со месо
Вообичено приготвувана и печена со кори преклопени во спирална форма, класичниот начин на подготовка на овој вид на баница е корите да се наполнат со смеса од кромид, зачини и мелено месо- вообичаено свинско или говедско месо. Друга начин на подготовка е полнење на корите со ориз и мелено месо, иако таквиот начин е помалку познат и помалку застапен. Некои слични рецепти во својот состав го вклучуваат и пилешкото месо, а најмалку популарна е комбинацијата на филот со риба и зачини.