Една жена од 40 години нема речиси ништо заедничко со девојка на 20 години, бидејќи со текот на годините доаѓа искуството и веќе е свесна за своите предности и недостатоци.

Покрај тоа, дамите над 40 години треба да знаат дека не можат веќе да се шминкаат на истиот начин како кога биле помлади, бидејќи неправилната употреба на шминката може дополнително да ги направи да изгледаат постари.

Денес ви откриваме токму 5-те златни правила на шминкање кои треба секоја возрасна дама да ги практикува, со цел да изгледа помладо, наместо постаро:

1. Никогаш не нанесувајте молив за очи, на долниот очен капак

Јасната темна линија совршено ги истакнува очите кога сте на 20-годишна возраст, но на 40 го дава токму спротивниот ефект, односно ги прави вашите очи да изгледаат помали и уморни.

2. Користете течна наместо пудра во прав

Со возраста, количеството на влажност при кожата се намалува и затоа, доколку не сакате луѓето да ја забележат вашата сува кожа, тогаш целосно избегнувајте ја пудрата во прав. Притоа не заборавајте редовно да нанесувате хидратантна крема за лице.

3. Пронајдете ја вашата боја за усни

Промените поврзани со возраста влијаат и врз самите усни. На 40-годишна возраст, истите не се веќе во силна боја и се помалку заоблени, а исто така ниту нивните црти веќе не се толку истакнати. Доколку го пронајдете карминот со идеалната боја која ви одговара од секој аспект, тогаш овој трик повторно ќе ги врати во „живот“ вашите усни.

4. Шминка за веѓите – Да, доколку е неопходно!

Со текот на годините и веѓите ја губат својата форма и боја, при што истите стануваат и поретки и помалку забележливи. Доколку и вие се соочувате со ваква промена, тогаш неопходно е да практикувате нанесување и шминка на вашите веѓи.

5. Свечена шминка

При свечените настани, самите дами претпочитаат нивната шминка да биде малку повеќе гламурозна, при што се користи шминка со разни светки, за повпечатлив изглед и ефект. Но, според експертите, не треба да претерувате со светките, бидејќи истите лесно може да се распространат по целото ваше лице и затоа е потребно само да ги нанесувате на краевите од вашите очи.