52-годишна експертка открива едноставен начин како да го забавите процесот на стареење
Стареењето на организамот се должи на дејствувањето на различните хемиски реакции во клетките. Како резултат на тоа, се образуваат слободни радикали, кои ги оштетуваат здравите клетки.
Сето тоа доведува до недостаток од кислород и намалување на нивото на колаген, кои се неопходни за еластичноста и блескавиот изглед на кожата. Колку повеќе има слободни радикали во телото на човекот, толку повеќе се забрзува процесот на стареење и и токму така изгледа човекот, постар.
Неправилниот начин на исхрана, пушењето цигари, претераното консумирање алкохол и недостатокот од физичка активност, се исто така факторите кои допринесуваат за забрзување на стареењето.
Британската експертка по фитнес, Ники Виброу ни открива еден многу едноставен, а ефикасен метод, кои може да го забави процесот на стрееење при телото.
Според 52-годишната Виброу, за да се одржува неопходниот воеден баланс во организамот и да се забави процесот на стреење, потребно е секој човек да консумира по 8 чаши зелен чај дневно.
Британката истакнува дека многубројни истражувања докажуваат дека, кај оние кои редовно консумираат зелен чај, стареењето се одвива многу бавно, за разлика кај луѓето кои воопшто не го консумираат моќниот напиток.
Самата таа вели дека пратикува да пие зелен чај речиси на секој час и забележала дека истиот делува превентивно кога станува збор за стареењето. Благодарение на големото количество антиоксиданти што ги содржи зелениот чај, нејзината кожа станала значително поеластична.
„Консумирам по 8 чаши зелен чај дневно. Овој напиток е богат со антиоксиданти, може да ви помогне да ослабнете и да го намалите нивото на холестеролот во телото“- вели фитнес експертката.
Доколку немате посебни проблеми со вашето здравје, Виброу препорачува да се примаат и витамините Ц, Е и омега-3 масни киселини, како и практикување употреба на спреј со витамин Д.
Експертката истовремено вели дека жените кои сакаат да изгледаат помладо, треба да практикуваат вежби за целото тело, како и лицето.
Самата таа ги применува своите совети, а вежба по 10 минути, 5 дена во неделата.