54-годишен маж се ожени со девојка која изгледа како да му е внука, откако се вљуби во нејзиниот талент
27-годишната Ада Олжевска, која по професија е уметница, стапи во брак со 54-годишниот Роберт Овен, кој пак, работи како програмер. Парот живее во Илиноис, САД, а својата врска ја започна во Март, 2018-та година.
Роберт се развел од неговата прва сопруга и се посветил на неговата професија, поминувајќи часови во канцеларијата, развивајќи ги своите уметнички таленти, компјутерски обработувајќи уметнички дела со акрилни бои.
Ада како самохрана мајка, која доаѓа од Полска, барала начин како онлајн да ги рекламира нејзините уметнички дела, при што така решила да го контактира Роберт. Нивната комуникација се одвивала преку Фејсбук, а по само неколку недели пријатен разговор, тие се сретнале и во живо и меѓу нив веднаш се родила обострана симпатија.
Овен исто така има дете од претходниот брак, а нивниот заеднички син има 3 месеци. Среќната двојка тврди дека меѓу нив царува апсолутна хармонија и дека неверојатно се разбираат меѓусебно.
Сепак и покрај тоа, луѓето кои не ги познаваат, често на прв поглед донесуваат погрешен заклучок дека станува збор за дедо и внука, наместо за брачен пар, токму поради младешкиот изглед на Ада.
Нејзината мајка на почетокот била против оваа врска и брак, но со текот на времето, го прифатила необичниот вљубен пар и сега таа е пресреќна за својата ќерка.
„Нè осудуваат само оние кои не нè познаваат. Јас сум 144 цм висока и имам 27 години, но изгледам како на 15. Од страна изгледам како малолетна, која се шета со својот татко или дедо.“- објаснува Ада.