6 едноставни вежби, благодарение на кои ќе живеете подолго
Здравиот начин на живот и добрата физичка активност се клучот за долговечноста и одржувањето на животниот век. Редовното практикување вежби всушност може да додаде неколку години плус на вашиот живот, открив неодамнешно истражување.
Сепак, потребно е да бидеме повнимателни при избирањето на видот на тренингот.. Придржувањето кон специфични вежби може да влијае на вашето здравје на различни начини. Некои се добри за вашето срце, некои го спречуваат вашето тело од идни повреди, а други го балансираат нивото на стрес.
Во продолжение ви откриваме кои вежби би можеле да придонесат за зголемување на вашиот животен век, притоа борејќи се против разни заболувања:
1. Тенисот и другите тимски спортови се одлични за продолжување на животниот век
Една неодамнешна студија спроведена Истражувачкиот Центар во Копенхаген, покажа дека луѓето кои практикуваат да играат во тимски спортови имаат поголем животен век од оние кои претпочитаат да играат соло. Експертите тврдат дека дружењето и социјалната интеракција го подобруваат нашето ментално здравје и ја зголемуваат ефикасноста на вежбата.
Редовната физичка активност ги подобрува нашите когнитивни вештини, како што се добра меморија и концентрацијата, кога стануваме постари. Меѓу најефикасните спортови се тенисот, бадминтонот и фудбалот.
2. Каланетика за ефикасно слабеење
Во 1989 година, Сара Фергусон го привлече вниманието на луѓето кон каланетиката- вид на гимнастика, откако извонредно ослабна за помалку од една недела, практикувајќи ги статичките вежби. Каланетиката го активира секој мускул во телото преку мали движења на пулсот, предизвикувајќи топење на масните наслаги.
Пулсирачките грчеви и страничните наведнувања, долгото протегнување и штиците се најчестите вежби на каланетика за ефикасно слабеење и затегнување на телото. Каланетиката може да се практикува на било која возраст, во текот на целиот живот, при што на овој начин, телото загарантирано нема да ве изневери на стари години.
3. Трчање за низок холестерол и задраво срце
Бројни истражуваења покажаа дека трчањето помага значително да се намали нивото на холестерол во нашето тело. Вишокот холестерол во крвта е главната причина за кардиоваскуларните заболувања. Трчањето го стимулира производството на липопротеински клетки со висока густина кои помагаат да се одржи правилниот баланс на холестерол во крвта. Покрај тоа, трчањето го прави срцето поголемо и посилно со секој ритам, одржувајќи го неговото здравје. Ваквата физичка активност може да го спречи вашето тело да развие срцеви заболувања и притоа, да го продолжи вашиот живот.
4. Антигравитациска јога за здрав ‘рбет
Овој вид на јога совршено ја претставува познатата поговорка: „Во здраво тело, здрав ум“. Антигравитациската јога помага да се обнови ‘рбетот и да се отстрани тензијата при истиот, која настанала како резултат на долго седење. Овој вид на јога се состои практикување на јога вежбите наопаку, користејќи еластична импровизирана лежалка.
Со истегнување на ‘рбетот, се обезбедуваат повеќе хранливи материи на интервертебралните дискови, при што така се одржува нивното здравје. Практикувањето на антигравитациската јога го намалува ризикот од појава на болка во грбот, во иднина. . Медитирачката природата на самата јога помага да се опуштите умот и да се ослободи телото од стрес. Притоа, не пропуштајте го забавниот дел- вежбање во стилот на Спајдермен.
5. Пливање за здрави бели дробови
Пливањето се смета за квалитетен кардио тренинг што го подобрува нашето кардиоваскуларно здравје и ја зајакнува мускулната рамка. Сепак, најголемата придобивка од пливањето лежи во способност на активноста да го зголеми капацитетот на белите дробови. Како резултат, добиваме повеќе кислород што е важен за правилна работа и концентрација на мозокот. Зајакнатите бели дробови исто така значат дека можеме да издржиме поголем физички притисок, без притоа да се замориме премногу брзо.
6. Протегнување за посилни мускули
Протегнувањето е неопходно за одржуување силата и здравјето на мускулите. Флексибилните мускули се поподготвени за физичка активност и се способни да извршат целосен опсег на движење во зглобовите. Нивната цврстина станува клучна кога ќе достигнеме одредена возраст во животот. Старите луѓе се соочуваат со ограничување во движењата, при што протегнувањето е добар начин да се избегне таквата ограниченост.
Истовремено, протегнувањето го штити телото од можна повреда или траума. Цврстите и зајакнати мускули имаат помали шанси да бидат повредени при неочекувано нагло движење.