Ако сакате да имате рамен стомак и да си ја вратите назад старата форма, како пред породувањето, не правете стомачни. Иако некои ги препорачуваат, тие само можат да ја прошират линијата на телото.

Во продолжение погледнете кои вежби се најсоодветни за стомакот по породувањето, а со кои ќе се ослободите од вишкот килограми, вишокот масни наслаги околу половината, а покрај стомачните, ќе ги зацврстите и мускулите на грбот.

На крај од текстот, имате можност да видите реална слика од резултатите на мајка која веќе ги пробала овие вежби.

1. „Мост“ вежбите ќе помогнат мускулите во горниот дел да се вратат во нормала

Придобивки

Движењата направени со овие вежби ќе придонесат и помогнат на мускулите во горниот дел од телото да се вратат во нивната првобитна положба, кои за време на бременоста, со направените промени да се направи простор за бебето, се изместиле. Состојбата се нарекува „diastasis recti“ и може да ја поправите со правењето на „мостови“. Воедно, овие вежби и ќе ги зацврстат мускулите кои се олабавиле.

Насоки

  • Легнете на грбот, на удобна, но цврста површина. За таа цел, можете да користите и подлога за јога.
  • Држете ги рацете исправени од страните, до телото, а колената свиткајте ги.
  • Кренете ги колковите, а притоа грбот држете го исправен.
  • Задржете ја оваа позиција 10 секунди, а потоа вратете се во првобитната положба.
  • Повторете ја вежбата три пати и притоа секој пат, направете по 10 мостови поединечно.

2. Бочните вежби ќе го намалат стомакот

Придобивки

Практикувањето на бочните вежби е одличен начин за враќање на органите на нивните правилни места. За приспособувњето на бебето, матката се зголемува и потоа природно, се намалува. Но, за да ја зацврстите нејзината положба и да го затворите јазот меѓу основните мускули, бочните вежби се совршеното решение.

Насоки

  • Легнете на вашата десна страна.
  • Поставете го вашиот десен лакт на подот, за да ви служи како потпора.
  • Кренете го целото тело, со грбот исправен, притоа оставајќи само десниот лакт и коленото да бидат во допир со подот.
  • Задржете така 5 секунди, а потоа вратете се во првобитната положба.
  • Повторете ја вежбата 3 пати, по 10 од вежбите за секоја страна поединечно.

3. Движење на карлицата во седечка положба ќе ја намали големината на стомакот и ќе го задржи во таа форма

Придобивки

Оваа вежба спаѓа во најлесните што некогаш ќе ги пробате, а притоа е многу ефикасна. Ќе помогне да се зацврстат мускулите на стомакот кои се разместиле и опуштиле во текот на бременоста. А ќе придонесе и за зацврстување на мускулите на грбот.

Насоки

  • Седнете на удобна, но цврста подлога, со нозете прекрстени, а рацете потпрени на бутовите.
  • Грбот треба да ви биде исправен, а притоа погрижете се неговиот долен дел да го допира подот.
  • Кренете го торзото кон нагоре и кон напред.
  • Повторете го вториот чекор.
  • Повторете ги движењата 50 пати.

4. Со  движења во форма на искачување или „планинарење“ до рамен стомак

Придобивки

Движењето бара доволен труд како за една кардио активност. Ќе ви помогне да согорите доволно калории и да ги стопите акумулираните масти, сконцентрирани во стомачната област по породувањето. Ваквата вежба на искачување која наликува на планинарење ќе ги активира сите мускули од вашето тело, ставајќи акцент на стомакот.

Насоки

  • Свртени кон подот, потпрете ги рацете и врвовите од прстите на нозете, на подот. Тие треба да ви послужат како потпора на целото тело.
  • Придвижете го десното колено кон напред, веднаш под градниот кош.
  • Вратете ја ногата во првобитната положба и овој пат, придвижете го кон напред левото колено. Не заборавајте дека треба да се потпирате само на рацете и врвовите од прстите на нозете.
  • Започнете наизменично да ги движите нозете, најбрзо што можете, во времетраење од 30 секунди. Наредните 30 секунди одмарајте.
  • Повторете 15 пати.

5. Движења со тегови за согорување на мастите околу половината

Придобивки

Движњата во форма на удирање, со помош на теговите се најефикасниот начин за согорување на насоберените маснотии околу половината. Вежбата ќе го активира целиот централен дел од телото, ќе ја забрза работата на срцето и на овој начин, ќе согорите многу повеќе калории. Воедно, ќе ви помогнат да добиете зацврстени стомачни.

Насоки

  • Застанете исправено со нозете оддалечени и стапалата исто така исправени напред.
  • Свиткајте ги колената под агол од 90°. Колковите треба да бидат поставени паралелно со подот, а стомакот затегнат.
  • Спуштете го грбот малку кон надолу и со помош на рацете, а по желба и со тегови, движете ги наизменично рацете, како да удирате во подот.
  • Продолжете со наизменичните удари 1 минута. Застанете, исправете се и одморете следните 30 секунди.
  • Повторете 10 пати.

6. Скокање и вежби на една нога за уште поголемо согорување на масни наслаги околу стомакот

Придобивки

Комбинацијата од вежби потпирајќи се на едната нога и вежба со потскокнување, ќе ја забрза срцевата активност, а со тоа ќе го вклучи стомакот и целиот централен дел да ги стопи вишокот масни наслаги, при што на лесен начин ќе им кажете збогум на вишокот килограми.

Насоки

  • Застанете исправено со рацете потпрени на половината.
  • Направете чекор напред со десната нога. Спуштете го целото тело со свиткување и на двете колена, но осигурајте се левото колено да не го допира подот.
  • Држете го грбот исправен цело време. Вратете се во првобитната положба и веднаш потоа повторете ја вежбата, со наизменично менување на нозете, овој пат наместо десната, чекорот напред направете го со левата нога.
  • Откако повторно ќе се вратите во првобитната положба, скокнете, притоа држејќи ги рацете и нозете колку што е можно, потворени.
  • Повторете 30 пати, одмарајте кога ќе почувствувате потреба.

Што да очекувате?

Сите овие вежби ги засегаат и допираат до деловите кои се кријат позади променетиот стомак по породувањето: Одделувањето на стомачните мускули, акумулирањето на масните наслаги околу стомакот и проширувањето на матката.

Ова е пример како вашето тело ќе се смени се одлучите да ги правите овие вежби