6 „модерни“ работи кои не знаевме дека постоеле во минатото
Вистината е почудна од фикцијата, а историјата е почудна отколку што мислите. Ова е познато и како „проблемот Тифани“. Тифани е средновековно име, скратено за Теофанија, од дванаесеттиот век. Но, за луѓето кои не се запознаени со историјата, името звучи многу модерно.
Понекогаш имаме вкоренети идеи за тоа какви биле луѓето во минатото. Затоа ние спроведовме истражување за да ви покажеме дека некои работи се појавиле многу порано отколку што мислиме.
1. Викинзите имале рап битки.
Понекогаш, ние ги замислуваме Викинзите како варвари кои своето време го поминуваат пловејќи и ограбувајќи, но тоа е далеку од вистината. Викинзите имале сложен демократски правен систем и ги почитувале жените и децата. Покрај ова, тие практикувале нешто многу слично на рап битките.
Учесниците разменувале импровизирани навреди во поетска форма, додека публиката одлучувала чиј стих најмногу им се допаѓа. Овие настани биле одлични за забава, особено за време на гозбите, и служеле како тест за нечија итрина и интелект. Во нордиските митови, дури и боговите учествувале во такви вербални борби.
2. Старите Грци имале компјутер.
Овој сет на спирали направени околу 205-60 п.н.е., е првиот аналоген компјутер во светот. На предната страна, го пресметувал движењето на различни астрономски објекти со извонредна точност и можел да се користи за предвидување затемнувања и други космички настани. Задниот дел се користел за запишување резултати за време на спортските игри, вклучувајќи ги и древните олимписки игри.
3. Кина имала тезги за улична храна во десеттиот век.
Додека стапчињата за јадење постоеле уште во дванаесеттиот век п.н.е., тие станале популарни во Кина за време на династијата Сонг (900-1200 н.е.) благодарение на уличните продавачи на храна! Во тоа време, уличната храна била популарна кај сиромашните, но и богатите често уживале во неа, па продавачите требало да имаат прибор за еднократна употреба. Така се појавиле стапчињата за јадење кои биле ефтини и лесни за употреба.
4. Индија, во железното време, имала телескопи и клима уред.
Во осумнаесеттиот век пред нашата ера во Индија, астрономијата била многу актуелна. Големи опсерватории, наречени „Јантар Мантарс“, биле изградени за да го следат движењето на планетите и нивните параметри со огромна точност. Во истиот период, телескопите веќе биле измислени и редовно користени.
Што се однесува до климатизацијата, Индија има топла клима, а за да преживеете, треба да ги прилагодите вашите живеалишта. Повеќето индиски домови од тоа време имале посебна просторија со базен. Кога водата испарувала таа се ладела и навлажнувала сè наоколу што создавало ефект на клима уред.
5. Викторијанците ги „фотошопирале“ своите фотографии.
Менување на фигурата и другите измени на фотографии за да се постигне моменталниот идеал за убавина во никој случај не е модерна работа. Викторијанците користеле различни методи за отстранување на брчките и дефектите на кожата, главно со стругање на ситни делови од фотографијата со сечило или додавање мастило и боја. Професионално направените фотографии биле претежно на заматена, бела или црна позадина, така што би било полесно да се направи корекција.
6. Месопотамците имале „жалби и пофалби“ за услугите.
Античките Вавилонци биле многу слични на нас, се жалеле на лошата услуга од трговците на мало, само што тоа го правеле на глинени плочи, а не на социјални мрежи.
Пронајдено е глинено писмо за жалба од осумнаесеттиот век п.н.е. од разочаран клиент до трговец кој му продавал бакарни инготи со лош квалитет. Клиентот барал да му биде доставена друга стока бидејќи веќе платил. Тој, исто така, спомнал дека неговиот слуга (кој ја направил трансакцијата) бил третиран грубо.