6 моќни средства кои ги убиваат бактериите кои предизвикуваат гастритис, рак на желудникот, чир и подуеност
Според статистиката, повеќе од 50% од светската популација се соочува со бактеријата Хеликобактер пилори во организамот, а повеќето од нив дури не се ниту свесни за тоа.
Тие бактерии имаат способност да се населат во стомакот и да предизвикаат појава на многу сериозни заболувања, како рак на стомакот, чиреви на стомакот и дванаесетпалечното црево, како и гастритис.
Симптоми кои укажуваат на присуството на овие бактерии во телото се:
- Дисбаланс на стомачната киселина
- Гастритис
- Нарушување на дигестивниот систем
- Чувство на гадење, подуеност на стомакот и образување на гасови
- Алергии на храна и зголемена чувствствителност при консумирањето на истата
Во продолжение следува листа од 6 природни и моќни средства, кои ефикасно се борат против овие бактерии:
1. Брокула
Многубројни истражувања покажуваат дека брокулите се богати со сулфорафан, соединение кое брзо ја убива Хелико бактеријата. Тоа го објаснува фактот зошто свежата брокула или сокот од истата е одлично средство во борба против желудечниот чир и гастритисот.
Додадете 1 чаша свежи исечени брокули и 100-150 мл чиста вода во блендерот и измешајте до добивање мазна смеса. Испијте го добиениот сок веднаш по неговата подготовка.
2. Куркума
Оваа состојка со индиско потекло е производ со многу неверојатни лековити својства. Куркумата го стимулира производството на желудечниот сок, кој го помага обновувањето на стомачната лигавица, а со тоа успешно се бори и во отстранувањето на Хелико бактеријата од организамот. Се препорачува овој зачин да се консумира секојдневно, но не повеќе од 1 кафена лажица на ден.
3. Прополис
Прополисот се смета за моќно средство со изворедна лековитост, која ефикасно се брои против бројни заболувања. Едноставно додадете 20 капки прополис во 200 мл топла вода. Смесата консумирајте ја двапати во текот на денот: Прво на празен стомак во утринските часови, а вториот пат – пред спиење. Консумирајте во рамките на 30 дена.
4. Маслиново масло
Екстра девственото маслиново масло ефикасно се бори против Хелико бактеријата. Поради големото количество на антиоксиданти во неговиот состав, тој воедно има и моќни антибактериски својства. За да ја елиминирате бактеријата Хеликобактер пилори од организамот, консумирајте 1 кафена лажица маслиново масло 3 пати дневно, во периодот на еден месец.
5. Зелен чај
Зелениот чај не само што е корисен за нашето цело здравје, туку тој особено има силен ефект кога станува збор отстранувањето на бактериите од организамот, посебно за Хеликобактер пилори. Консумирајте 2-3 шолји зелен чај секојдневно, но без шеќер или други видови на засладувачи.
6. Ѓумбир
Консумацијата на ѓумбир се препорачува на оние луѓе кои водат борба со стомачната киселина, чувството на гадење, болките во стомакот, чиревите и бројни други дигестивни проблеми.
Ѓумбирот исто така има високо ниво на антибактериска способност, а неговата редовна употреба во мали дози како половина кафена лажица ѓумбир секојдневно, ќе доведе до ефикасно отстранување на Хелико бактеријата од организамот.