6 необични, но фантастични употреби на мајонезот, за кои малку луѓе знаат
Најпопуларниот сос на овие простори, без сомнеж, е мајонезот, омилената состојка на многу домаќинќи, но и на најмалите. И покрај високата калориска вредност, тој може да се најде во сечиј дом.
Но, малкумина луѓе всушност знаат дека мајонезот уште одамна се употребува за многу други работи, покрај за готвење. А денес ви откриваме за неговите 6 необични, но фантастични употреби:
1. Брзо ги отстранува дамките од мазут и катран на кожата
Едноставно потребно е да нанесете мало количество на мајонез врз масната зона од кожата, масирајте, а по 5-10 минути исплакнете.
2. Ги отстранува водените дамки од дрвените подови
Поставете малку мајонез врз дрвениот под на местото каде што постои водена дамка и избришајте со салфетка.
3. Чудесна маска за коса
Жолчката ја прави косата блескава, растителното масло добро ја навлажнува, сенфот го стимулира нејзиниот раст, а оцетот дава волумен. Едноставно нанесете 1 супена лажица врз косата, оставете да отстои малку, а потоа исплакнете со шампон.
4. Спас од вошки
Друг терапевтски ефект од мајонезот е неговата способност за елиминирање на непријатните вошки од главата. За да ги отстранете истите, нанесете мало количество на мајонез врз главата и оставете го да отстои 1 час.
5. За беспрекорни нокти
За да не се лупат вашите нокти, и притоа да бидат секогаш цврсти и да растат брзо, од време на време, практикувајте маски за истите, со едноставно нанесување на мајонез врз нивната површина.
6. Отстранувач на траги од лепило
Мајонезот совршено ги отстранува трагите од лепило врз било каква површина. Овој трик е особено корисен за отстранување на лепливите хартии и етикети од садовите.