6 пијалоци кои ќе ви помогнат да ги намалите вишокот килограми
Пролетта е идеално време за да започнете со здрава исхрана. Овие 6 пијалоци можете да ги подготвите во домашни услови, а ќе ви помогнат полесно да ги намалите вишокот килограми.
Зелен сок од краставица
- 1 краставица
- 1 снопче магдонос
- 1 лимон
- 1 лажица рендан ѓумбир
- 1 лажица алое вера сок
- ½ чаша вода
Сите состојки се мешаат во блендер. Сокот се пие навечер во вПијат пред да си легнете. Сокот пијте 1 месец, а потоа направете пауза од 1 недела.
Начинот на подготовка е ист за сите пијалоци. Најдобро е да се остават подолг период на ладна температура, како би добиле поизразен вкус и свежина.
Сок од круши и жалфија
- 10 листови жалфија
- 250 мл свеж сок од круша
- 250 мл газирана вода
- 1 круша на парчиња
Енергетски лимонов сок
- 5-6 лимони
- 1 литар газирана вода
- нане
Зачинета индиска вода
- 4 лимети
- ѓумбир во прав
- листови нане
- 1 литар газирана вода
- ½ чаша обична вода
- кафеав шеќер
Зеленчуков пијалок
- 1 литар газирана вода
- 3 краставици
- 1 голема пиперка
- 3 лимони
- листови нане
- кафеав шеќер
Коктел од јагоди и нане
- ½ лимон
- листови нане
- 20 јагоди
- 1 литар газирана вода
- 100 мл обична вода