Листата подолу ќе ви ги претстави некои од најнеочекуваните информации за некои од најчестите проблеми со убавиот изглед.

1. Паста од јагоди за иритациите од бричење

Изненадувачки начин да се намали болката и отокот е да се измешаат неколку јагоди со кисела павлака и да се нанесат директно на местото и да се остават околу 10-15 минути. Корисните ефекти од јагоди се поврзани со нивните анти-воспалителни и антиоксидантни својства и нивниот извонреден состав на минерали и витамин Ц.

2. Сода бикарбона и лимон за отстранување на дамки од вашите нокти

Направете густа паста мешајќи една лажичка сода бикарбона, половина лажичка маслиново масло и една лажичка сок од лимон. Користете мека четка за заби, нанесете ја смесата на вашите нокти и отстранете ја по 5 минути. Повторувајте ја постапката на секои 2 недели за најдобри резултати.

3. Црна леќа за лекување на распукани врвови

За да направите маска за коса, смелете половина чаша црна леќа, додадете една лажица семе од тилчец, и додадете малку јогурт во мешавината. Нанесете ја маската на косата и измијте ја со топла вода по еден час.

4. Аспирин како отстранувач на калуси

Калусите можат да доведат до болка, воспаление и лош мирис. Аспиринот е добар лек за калуси и габи на нозе, бидејќи салицилната киселина е неговиот главен метаболит. Здробете 4 таблети во прав и измешајте ги со вода и сок од лимон.

Нанесете ја пастата на калусиите, покријте ја површината со крпа и исплакнете по 20 минути. Потоа, нежно протријте ги нозете и исушете ги. Повторувајте ја постапката двапати неделно.

5. Авокадо за скротување на „бушава“ коса

Разлетената косата може да го уништи дури и најдобриот изглед. Изненадувачки, авокадото што го купувате за ручек може да ви помогне. За да направите маска, направете каша од авокадо со јогурт и применувајте ја на вашата коса 45 минути два пати неделно.

6. Компири за лекување на стрии

Стеритите се честа појава кај жените, кои се појавуваат како резултат на ширење на кожата за време на бременоста или адолесценцијата. Сокот од компир содржи корисни витамини и минерали кои го промовираат растот и обновувањето на клетките на кожата и како резултат на тоа, помага стриите да исчезнат. Сѐ што треба да направите е да триете парче компир на стриите, неколку минути, оставете да се исуши, а потоа исплакнете со вода.