6 работи кои една вистинска дама никогаш не треба да ги прави
Речиси секоја жена посакува да биде вистинска дама и мажите така да се однесуваат со неа, но постојат неколку принципи кои мора да ги почитувате, доколку сакате да ја постигнете таа цел.
Еве кои 15 работи, една вистинска дама никогаш не треба да ги прави:
1. Запаметете за цел живот: Никогаш не одете на гости, без претходно да се најавите.
2. Несоодветно е да ја оставате чантата на маса или во скут, додека седите во некој ресторан. Најдобро е чантите да ги закачите на вашиот стол.
3. Според модните експерти, не треба да носите премногу модни додатоци, односно колку помалку накит носите, толку поелегантно и префинето ќе изгледате, како вистинска дама.
4. Не се грижете доколку сте во друштво на некој и не сте сигурни кој треба да ја плати сметката. Доколку сте поканети некаде, тогаш оние кои ве поканиле треба да платат, а доколку сите заедно сте одлучиле да отидете некаде, тогаш секој треба да плати за себеси.
5. Во автомобил, една дама треба да седи зад шоферот.
6. Не мора со сите да споделувате дека држите диета или да ги откривате вашите навики во исхраната и секојдневието.