6 сериозни заболувања кои може да бидат откриени преку состојбата на забите- Еве кога е неопходен лекарски преглед
Не е тајна дека телото ни сигнализира за појавата на одредено заболување преку редица одредени симптоми. Состојбата на забите е една од првите работи кои се менуваат како реакција на проблем во организамот.
Еве кои 6 заболувања можеме да ги откриме според состојбата на забите
1. Дијабетес тип 2
Воспалените, подуени и непца кои крварат се предзнак на пародонтоза- едно од нивните најчести заболувања. Иако до неодамна се сметаше дека единствената причина за развој на ова заболување се бактериите кои живеат во устата и го предизвикуваат создавањето на забен камен. Но, последните истражувања ја потврдија врската меѓу заболувањето на непцата и дијабетес тип 2- како последица на истиот се развива парадонтит, кој е посериозен облик на пародонтоза, кој може да ги повреди меките ткива, па дури и да ја наруши коскената основа на забите.
Така, доколку вашиот забар постојано забележува воспалени или подуени непца кај вас, тогаш неопходно е да го проверите вашето ниво на шеќер во крвта.
2. Гастроезофагеална рефлуксна болест (Киселини во желудникот)
Рефлуксната болест е состојба при која киселината произведена во желудникот навлегува во хранопроводот. Повеќе од половина од пациентите со оваа болест може дури и да не се свесни за нејзиното присуство, бидејќи таа се појавува без конкретни симптоми. Но, има еден важен знак кој ќе помогне за нејзиното откривање, а тоа се лошиот здив и ерозијата на забите. Доколку површината на вашите заби е речиси секогаш како истрошена, тогаш потребно е да направите лекарски преглед.
3. Хроничен стрес
Доколку имате навика постојано да ги крцкате или да ги притискате забите до тој степен што буквално доведувате до триење на глеѓта и оштетување на забите, тоа може да биде индикатор за појава на хроничен стрес. Друг симптом за оваа состојба која може вашиот забар да ја забележи е присуството на мали рани по површината на меките ткива во вашата уста.
4. Остеопороза
Остеопорозата е заболување при кое коскената минерална површина е намалена, а тоа може да се открие и утврди во рана фаза со рендгенска снимка на забите и вилицата.
Истражувањата покажуваат и дека жените со остеопороза се трипати повеќе склони кон губењето на заби.
5. Автоимуна болест
Автоимуната болест е најчесто застапена кај жените на возраст над 40 години. Раната појава на ова заболување може да се манифестира со постојана сувост на устата, како и честа појава на кариес.
6. Целијакија
Ова автоимунолошко заболување е состојба при која организамот не поднесува глутен. Кај луѓето со целијакија, консумирањето на храна која содржи глутен може сериозно да ги оштети тенките црева. За среќа, забарите можат навремено т.е во раните фази да ја идентификуваат болеста.