6 собни растенија кои ја отстрануваат влагата и мувлата, а притоа ќе ве спасат од астма и алергии
Влажната средина е идеална за размножување на бактериите и габите. Тоа подоцна резултира со непосакувани појави како чешање, замор, вртоглавици, инфекции на системот за дишење, течење на носот и кивање.
Влагата и мувалата можат да предизвикаат бројни заболувања. За да го спречите овој проблем, постои едно многу ефикасно, а притоа и креативно и декоративно решение за вашиот дом.
Станува збор за собни билки кои го прочистуваат воздухот, а свежиот воздух успешно ја балансира и контролира влагата.
Некои од растенијата можат дури да го намалат присуството на токсините како бензол, трихлоретилен и формалдехид, кои често се причинители на сериозни здраствени проблеми како астмата, различните видови алергии, па дури и појавата на тумор.
Во продолжение погледнете кои собни растенија се на оваа моќна листа:
1. Собна палма
Уште пред 1000 години, палмите биле култивирани и денес се најпознатото растение кое ги краси тропските краеви во светот.
Тие ја апсорбираат влагата преку нивните листови и се одлични во процесот на отстранување на формалдехидите од самиот воздух. Може да бидат одличен додаток во вашиот дом, кој притоа ќе го чува вашето здравје.
2. Тиландсија
Тие се познати прочистувачи и природн навлажнувачи на воздухот, кои штитат од електричниот смог. Грижата за нив е многу едноставна: Треба да се полеваат со вода 2-3 неделно, да бидат во затворен простор, веднаш до прозорецот за да ги впиваат сончевите зраци.
3. Нефролепис
Важи за исклучително атрактивно и егзотично растение, кое е одлично доколку сакате природно навлажнување на воздухот во вашиот дом. Помага да се балансира нивото на влажност и ги отстранува токсичните материи како ксилен, бензол и формалдехид.
4. Зелена лилија/ Хлорофитум
Прекрасното растение се карактеризира со долгнавести и впечатливи листови, кои се многу корисни за апсорбирање на мувлата и бројни други видови на алергени. Билката ги отстранува токсичните материи од воздухот за дури 90% и успешно го балансира нивото на влажност во домот.
5. Спатифилум
Се препорачува овие растение да се чуваат во простории како бањата, каде ќе бидат одличен сојузник во борбата против мувлата. На ефикасен и брз начин ги отстранува штетните материи од возухот како ацетон и алкохол, а притоа се многу лесни за одгледување, бидејќи бараат многу мало количество на светлина за да се развијат.
6. Бршлен
Важи за најдобриот апсорбирач на формалдехидите, кои најчесто се сместени во теписите, домаќинските апарати за чистење, како и самиот мебел. Најидеално место каде да го сместите ова растение е на некое повисоко место, близу до таванот за подобро регулирање на влажноста. Истовремено, растението не бара многу светлина.