6 совети за рамен стомак
Дали сте подготвени да го покажете рамниот стомак? Еве 6 совети кои ќе ја спречат подуеноста и ќе ве избават од тежината во стомакот.
Јадете храна која е богата со калиум
Овој минерал ги регулира течностите во телото. Храна богата со калиум: банани, диња, манго, спанаќ, домати, ореви, аспарагус.
Вечер без јаглехидрати
Скробот доведува до подуеност. Избегнувајте да јадете леб и тестенини навечер, бидејќи тие можат да го натераат телото да ја задржи водата.
Без газирани пијалаци
Меурчиња во газираните пијалаци ќе го натера стомакот да се надуе. Најдобро е да пиете вода.
Без вештачки засладувачи
Организмот на некои луѓе тешко ги преработува вештачките засладувачи како што се сорбитол, кој се содржи во многу гуми за џвакање. Сорбитолот може да е причина за гасови и дури за дијареја.
Оние денови од месецот
Ако стомакот ви отекува пред и за време на циклус, зголемете го внесот на калциум – 1,200 мг на ден и магнезиум – 200 до 400 мг на ден. Докажано е дека и двете хранливи материи ги ублажуваат ПМС симптомите.
Не го игнорирајте магдоносот
Додадете свеж магдонос кон јадењата и ќе се радувате на рамно стомаче.